Ждрепките на кои се влечат паровите од најстарото натпреварување на светот во Англија се следат со посебна драж. Така навивачите на петтолигашот Сутон кој се наоѓа во истоименото лондонско предградие паднаа во транс кога дознаа кој ќе им гостува во 5. рунда.
Пред 12 години САД и Аргентина се сретнаа во групната фаза на младинското Светското првенство, а очите беа вперени во две многу надежни деца. Едниот денеска е идол на милиони деца кои сакаат да станат како него, а другиот смени 13 клубови меѓу кои и српска Јагодина.
„Во НБА е важно играчите да биде среќни, а во Европа кога ќе изгубиш одма нервози. Со Атланта еднаш имавме 14 порази по ред, а тренерот ни зборуваше дека сме правеле позитивни ствари, викам што зборува овој. Кога одевме на гостување, ден пред натпревар ни кажуваа каде има добар провод“.
Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал.
Во сенка на Светското за мажи, вечерва почна главната фаза на женската Лига на шампиони. Вардарки ја совладаа црногорската Будуќност 28-31 која загуби на домашен терен првпат после цели четири години.
Ракометарите на Словенија ја освоија бронзата на Светското првенство во Франција откако ја совладаа Хрватска со 31:30. Најзаслужен за овој историски успех на „Змајчеки“ беше селекторот Вујовиќ кој на 10 минути пред крајот одржа еден говор како генерал пред битка. Хрватите во тие моменти имаа неверојатни осум голови предност.
Финале меѓу сестрите Вилијамс во женска и Федерер и Надал во машка конкуренција беше класика во тенисот ама пред 7-8 години. Ривалството на старите волци се враќа на сцена утре во 9 часот наутро по наше време. Заедно тежат 31 Гренд слем титула. Ќе биде многу интересно.
Историска сезона на Интер се смета 2009/2010 кога освоија Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони или на италијански позната како Tripleta. Една доста занимлива претпоставка за тоа како им изгледал еден ден. Го има и нашиот кој не ја носел колата на перење, а требал да го вози Мурињо.
Францускиот тренер Клод Пуел утревечер по трет пат сезонава ќе се сретне со својот некогашен учител од играчките денови во Монако. Кога Венгер ја освоил дебитантската титула на клупата на Монако, продолжена рака на теренот му бил борбениот Клод Пуел.
Кога фудбалер ќе ја заврши кариерата со 75 гола на 320 меча, тогаш човек ќе помисли дека играл во среден ред. Тоа сепак е еден бавен и робусен центарфор како пивско шише, на кој му извадивме просек дека давал 3,75 гола по сезона во 20 годишната кариера. За тоа што го работи сега, не смееме да му зуцнеме.
Во 1992 година беа удрени темелите на новата англиска прва лига под името Премиер лига. Првата и втората сезона ги освои Манчестер Јунајтед со Фергусон, а третата беше изненадување бидејќи пехарот го крена Блекбурн, тимот со голем пропуст од епски размери.
Навивачката страст во јужна Италија е посебна, а ја красат топлите срца на тифозите кои се луди по фудбал. Од нив и од нивните јунаци течеа солзи радосници само затоа што влегоа во прва лига. Приказната е за Палермо кој ја крена Сицилија на нозе, а сега е во длабока кал.
Роберто Фирмино, Алексис Санчез и Деле Али, не е човек да ги пушти понапред во игра, ќе ги исфрустрираат сите голмани. Кој знае колку се горди на нивната игра Клоп, Венгер и Покетино. Антонио Конте пак со своето прво појавување во Премиер лига ја постави својата формација 3-4-3 и испиша историја.
За најголем успех на една управа се смета доколу доведе млади, талентирани и евтини фудбалери кои во иднина ќе го носат тимот до успеси. Тоа му успеа на Михаел Цорк, спортскиот директор на Дортмунд кој ги собра најголемите таленти од Европа.
Од 15 години големите европски клубови како Милан, Барселона, Челси и Сити го викале на проба па го одбивале поради наводниот слаб физикус. На крајот татко му одбива да го шета по проби и бара кој е заинтересиран да дојде да го гледа во Данска.
Џерар Деулофеу утрово скапа 4 часа на медицински прегледи, а од таму се упати во базата на Милан каде ќе потпише позајмица до 30 јуни годинава. Таму го чекаат двајца пријатели: Карлос Бака со кој славеа Лига Европа и Сусо со кого два пати како младинци станаа прваци во Европа.
Македонија во првиот дел прими 12 гола, а на половина од второто полувреме 11. Ужасниот почеток на вторите 30 минути ја турна колата по уздолница и Норвешка заслужено оди во четвртфиналето.
Со уште една храбра игра нашите ракометари остварија уште една важна цел. Реми со Исланд 27-27 (13-15) за да се избегне Франција и во осминафиналето да се оди на Норвешка. Јунак Кирил Колев кој одбрани силен шут во последниот напад.
Македонската ракометна репрезентација како и многу пати со големите сили, покажа дрскост против Црвената фурија и најави неизвесен натпревар кој за жал не траеше до последниот свиреж на судијата. Пораз од четири голови разлика.
Со неколку потези „ги извади од копачки“ своите противници и го сврте фокусот кон себе. За неговиот потпис најбрз од сите бил Јувентус чијшто член Рикардо Орсолини ќе стане од јуни до кога ќе игра во матичниот Асколи.