Најдобрите 10 одлуки сезонава во Премиер лигата

Роберто Фирмино, Алексис Санчез и Деле Али, не е човек да ги пушти понапред во игра, ќе ги исфрустрираат сите голмани. Кој знае колку се горди на нивната игра Клоп, Венгер и Покетино. Антонио Конте пак со своето прво појавување во Премиер лига ја постави својата формација 3-4-3 и испиша историја.

10. СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПИТЕР КРАУЧ

Од март 2015-та до овој јануари, Питер Крауч (да тој Крауч кој ја реши квалификациската за ЕП 2008 меѓу Македонија и Англија на Градски со тоа долгите нозе) беше стартер во Премиер лигата само еднаш, во релативно безначаен меч против Сандерленд кој заврши 1:1 кон крајот на минатата сезона. Англискиот напаѓач беше тргнат од прв тим од страна на Марк Хјуз, а лани кон крајот на октомври Крауч се пошегува на своја сметка.

Потоа следуваше пресврт со неговиот статус, бидејќи од минатиот месец постигна три гола на последните четири средби и со своите 35 години се доближува до јубилејната 100-ка.

„Игра навистина добро и целосно го заслужува местото во прв тим. Ако нафрлите топка во опасната зона, знаете дека ќе создаде шанса за гол, а тоа го прави цела кариера. Тоа го направи на сите три средби кои ги одигра и ние сме среќни за него“, изјави Хјуз.

9. ПОЗАЈМИЦАТА НА ЏЕК ВИЛШЕР ВО БУРНЕМУТ

За фудбалерот од средниот ред на Арсенал кој е во клубот уште од 2001-ра, се појавија муабети дека се заинтересирани Милан и Рома. Но неговата желба беше да остане во Англија, а му ја оствари Еди Хоу кој му дава доверба во Бурнемут.

Во поглед на неговиот статус како резерва, Вилшер имаше и една изјава со потсмев: Колку пати сте го гледале во живо Џо Харт?

25 годишниот фудбалер во Бурнемут покажа конзистентност која може да биде доволна за да добие втора шанса во Арсенал, а на Бурнемут кој се држи солидно на 12-та позиција му годи што има играч во својот состав кој вреди 30 милиони фунти. Води по број на создадени шанси и успешни дриблинзи во Премиер лигата во конкуренција на играчи од среден ред.

8. ОТПУШТАЊЕТО НА МАЈК ФЕЛАН

Под негово водство, Хал Сити беше во тотален хаос. Беа фаворити да завршат на дното во Премиер лигата откако освоија 6 бода на 16 средби.

Неговиот наследник Марко Силва можеби нема да успее да направи чудо и да го врати клубот од мртвите, но барем е почитуван и ќе му се даде шанса. Хал се претпоследни и се едно место подобри отколку со Фелан. Газдите на клубот не направија нешто посебно во последните две години, но ова навремена смена на тренерот им беше одлука на место.

7. ПОДДРШКАТА НА ТОНИ ПУЛИС

Вест Бромвич Албион држи фантастична 8-ма позиција во Премиер лигата со 9 победи, 5 нерешени и 8 порази. Тони Пулис го имаат за тренер од 1 јануари 2015-та и според овие бројки, тој дефинитивно треба уште долго да остане.

Од последните 17 натпревари ВБА има постигнато минимум три гола на 5 средби, а тоа не им успеало на претходните 96 меча. Даваат по минимум два гола на 8 средби, а инаку на претходните две сезони имаат вкупно имаат дадено 9 и 10 гола.

6. ПРОДАЖБАТА НА ЏОН СТОУНС

Откако Челси нудеше 20, па 26, па 30 милиони фунти, стоперот на Евертон го информираше клубот дека сака да си замине. Една година подоцна беше критикуван за формата и повремено испадна од прв тим. Потоа Евертон доби понуда од 47,5 милиони фунти и така клубот направи зделка и пол и го направи втор најскап дефанзивец во Премиер лигата по Давид Луиз.

Евертон го презеде Роналд Куман и почна со обнова на клубот. За 25 милиони фунти донесе 5 фудбалери и по 22 кола, тимот има примено 9 помалку голови од лани овој период.

5. РОБЕРТО ФИРМИНО КАКО ЛАЖНА 9-КА

Ако Даниел Стариџ по продажбите на Бентеке и Балотели, како и долгорочната повреда на Дени мислеше дека нема кој да го мрдне од првотимски статус, Јирген Клоп се појави со друга идеја.

Формираше трио составено од Фирмино – Кутињо – Мане кое го дава најтечниот напад сезонава во Премиер лигата. Кога сите заедно играле во напад до сега стигнале до 8 победи и 3 нерешени и просек по 2,55 голови по натпревар.

Кога фали само еден од нив, а тоа се случило во 18 наврати, Ливерпул направил скор од 10 победи, 4 нерешени и 4 порази и 2 гола по натпревар.

4. АЛЕКСИС САНЧЕЗ КАКО ЛАЖНА 9-КА

Оливер Жиру со својата форма можеби го присили Арсен Венгер да го врати во стартниот состав на последните неколку меча, но пред тоа тој смисли и нешто друго, а тоа е Алексис Санчез од крилен да биде централен напаѓач.

Како прв стрелец во Премиер лигата и четврти по број на создадени шанси, Санчез во моментов е најкомплетен напаѓач кој игра во топ форма. Кога неговиот простор е не исполент, тука се Тео Волкот и Месут Озил кои заедно имаат постигнато 13 гола.

Арсен Венгер конечно има напаѓачки план Б, кој е исто толку ефикасен како планот А.

3. КУПУВАЊЕТО НА НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ ОД СРЕДЕН РЕД

Кога Челси појави интерес за Канте, немаше конкуренција. Каде беа Манчестер Јунајтед? Манчестер Сити, иако го купија Илкај Гундоган? Каде беа Арсенал кои потрошија повеќе пари за Гранит Џака, отколку за играч кој е постар една година и кој за кусо време се докажа Премиер лигата?

Шансите дека Канте ќе стане прв играч со две титули по ред во Премиер лига со два различни клуба се 4/9. Брилијантниот играч на Лестер, остана брилијантен во Челси кој направи феноменален избор со овој трансфер.

2. ИГРАЊЕТО НА ДЕЛЕ АЛИ ПОНАПРЕД

„Деле Али за мене е убиец, бидејќи е многу агресивен кога трча напред. Тој гори од желба да оди во шеснаесетник, да ја земе топката и да даде гол. Понекогаш тој е повеќе во опасната зона од Хари Кејн, има неверојатен менталитет. Со неговите карактеристики може да биде и напаѓач и како играч од среден ред“, изјави Покетино

Најголемите придобивки ги почувствува оваа сезона во формацијата 3-4-2-1 и во која тешко е да се сопре овој полетен 20 годишен фудбалер. До сега има постигнато 11 гола од 24 удари во рамки на гол, а ланската сезона ја заврши со 10 од 28.

1. ФОРМАЦИЈАТА ВО ОДБРАНА СО ТРОЈЦА

Оваа тактичка промена на Антонио Конте е толку ефективна, што почнаа да ја копираат и други тренери во Премиер лигата. Со неа не само што Челси е незапирлив, туку стана и фаворит број 1 за освојувањето на титулата. Згора на се ја донесе и најдолгата победничка серија во историјата на Премиер лигата. За 3-4-3 на Конте клик тука.