Ракометарите на Словенија ја освоија бронзата на Светското првенство во Франција откако ја совладаа Хрватска со 31:30. Најзаслужен за овој историски успех на „Змајчеки“ беше селекторот Вујовиќ кој на 10 минути пред крајот одржа еден говор како генерал пред битка. Хрватите во тие моменти имаа неверојатни осум голови предност.
„Дали знаете кој беше четврт во Рио? Не знаете? Никој не го памети четвртиот. Затоа сега мора да изгинете, последните 10 минути дајте сè во животот како да е крај на светот“.