Се работи за Игли Таре кој веројатно го паметите од Серија А. Ја почна кариерата во Партизани Тирана во 1988-ма, а ја заврши во Лацио во 2008-ма каде малку изненадувачки го задржаа и му дадоа функција на спортски директор.
Резултатите како играч му се ужас. 10 сменети клубови, 0 трофеи. Откако си замина од родната Албанија играше во втората германска лига. Заигра и во Бундеслигата за екипите на Карлсрухер и Кајзерслаутен, а кога во 2001-ва се пресели во Италија пред да заигра за Лацио ги носеше дресовите на Бреша, Болоња и Каљари.
Но не фативме да пишуваме за неговата играчка кариера, бидејќи како што сфативте според успесите, нема ништо интересно за раскажување.
Неговата работа може да се оцени со висока оценка како спортски директор на Лацио, функција на која е од 2009-та.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито е познат во Италија по неисполнетите ветувања на трансфер пазарот и обично гледа да купува евтино, да продаде скапо, а парите да НЕ ги инвестира во добри играчи.
За таа цел тука му е десната рака Игли Таре кој работи на пазарот како врвен агент. За да сфатите колку добро работи и за да му влезе и да му остане под кожа на Лотито, доволно е да ги видите играчите од првиот состав на Лацио, дел купени лани, дел пред неколку сезони.
Се работи за квалитетни имиња кои скоро сите се репрезентативци за своите земји и кои Лацио тешка дека ќе успее сите да ги задржи уште долго, особено холандскиот дефанзивец Стефан Де Врај кој го следат гигантите од Премиер лигата, како и напаѓачот Кеита кој од академијата на Барселона го донесе за без пари, а сега вреди 30 милиони.
Да не филозофираме повеќе, левата колона е цифрата за кој Таре ги пазарел, а на десната е нивната моментална вредност. Математиката е следна, ги купил за 66,5 милиони евра, а сега вредат 223 милиони пресметано според помалите бројки каде има две суми.
Нешто сосема неочекувано од него како играч.