Таг: игли таре

Италијански новинар му зборуваше на Таре за албанското трилече

Воведниот прес на Милан пред подготовките за новата сезона почна скроз опуштено. Прво Алегри се мајтапеше со новинар, а потоа друг новинар правеше некои паралели со трансфер пазарот и албанското трилече поради тоа што новиот спортски директор, Игли Таре е Албанец. Таре на тоа одговори: Ви го препорачувам на сите трилечето, бидејќи е многу вкусно.

Случајно стана тренер на прв тим, па од нигде никаде почна да прави чуда

Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.

Како спортскиот директор на Лацио избегал од Албанија и миел садови

Иако талентиран за фудбал, Игли не остави голема трага во играчката кариера, ама затоа веќе 10 години одлично работи како спортски директор на Лацио.

Најдобриот спортски директор во Серија А

Јувентус и Наполи повторно се одлепија на врвот во борбата за Скудето, Интер и Рома влегоа во криза, а Милан летоска се изнадава пари за играчи и се удави со 8 порази. Да ѕирнеме како му оди на Лацио.

Промашениот шпиц кој знае одлично да напаѓа на трансфер пазарот

Кога фудбалер ќе ја заврши кариерата со 75 гола на 320 меча, тогаш човек ќе помисли дека играл во среден ред. Тоа сепак е еден бавен и робусен центарфор како пивско шише, на кој му извадивме просек дека давал 3,75 гола по сезона во 20 годишната кариера. За тоа што го работи сега, не смееме да му зуцнеме.

Лацио и Лотито - Бесмисленоста на едно постоење

Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?

Трансфер анегдоти: Дај илјада евра и носи го

По целосниот распад на Парма, многу играчи ги раскинаа своите договори и бараа нови клубови. Напаѓачот Никола Поци замина на позајмица во Киево кој за него даде илјада евра, a Салах барал Фиорентина да ангажира преведувач од арапски во Лондон.