Како спортскиот директор на Лацио избегал од Албанија и миел садови

Иако талентиран за фудбал, Игли не остави голема трага во играчката кариера, ама затоа веќе 10 години одлично работи како спортски директор на Лацио.

Во сезоната 2007/2008 Лацио се нашол во проблем: спортскиот директор Валтер Сабатини заминал од клубот една година порано, а заедно со него си отишле и други млади таленти.

Тогаш претседателот Клаудио Лотито донел чудно решение - му понудил на 35-годишниот Албанец Игли Таре да стане спортски директор. Таре ја играше втората сезона во Лацио и никогаш претходно не бил менаџер ниту управувал со спортски сектор.

Лотито го викнал во канцеларија кај него и кога Игли влегол на бирото стоел бланко договор кој важи само за сезоната 2009/2009. „Што мислиш?“ - го прашал Лотито, а Таре одговорил: - Уште сум играч, што би сакале од мене?

Клаудио бил свесен дека лацијалската јавност ќе го смета за луд ваквиот потег, а Таре сакал нејќел прифатил: „Тоа многу сложена и одговорна работа, ама навикнат сум да го бирам потешкиот пат.“

И навистина бил.

***

Во 1992 година кога Таре имал 19 години емигрирал во Германија. Дома тој важел за талентиран млад фудбалер од познато семејство - татко му Иса Таре бил директор во Партизани Тирана.

Работите драстично почнале да се менуваат по падот на комунистичкиот режим и преминот кон пазарна економија. Земјата тешко излегувала од инфлација а некои фудбалски клубови згаснале.

За Таре тоа значело сиромаштија - тој не гледал перспектива во фудбалот. Тогаш му платил 800 евра (преведено во денешни пари) на човек кој го преминал преку граница и по длабок планински снег избегал од Албанија.

„Сега кога ќе помислам како бев бестрашен и не размислував. Можеа да ме застрелаат комотно горе и никој немаше да знае. Но желбата да станам познат фудбалер го победи здравиот разум“, се сеќава Игли Таре.

Игли на крајот стигнал во Германија но без смислен план што ќе прави. Имал само желба да игра фудбал.

На почеток останал кај некои далечни роднини во Минхен и почнал да бара екипи за проба. Тоа испаднало и потешко отколку што мислел: парите што ги имал со себе брзо ги потрошил а клубовите не му нуделе на Албанецот договор.

Во еден момент морал да мие садови во кујна и тоа му било тежок период:

„Искрено понекогаш се срамев. Роден сум во големо семејство, сонував да станам професионален фудбалер а оддеднаш со гребло збирав лисја. Ставав капа за никој да не ми го види лицето, сакав да исчезнам“, се сеќава Таре.

Така поминале две години, додека Игли не нашол клуб од четвртата лига - Валдхоф. После една сезона таму, се преселил кај полу-професионалците од Зодвест каде играл одлично и дал пет гола.

Во 1996 година, 4 години по емиграцијата, Игли дебитирал во Бундеслига во составот на Карлсруе чии скаути го забележале во подолните лиги. Таре бил анонимус па навивачите и скандирале на управата: „Што пиевте штом сте го купиле овој Таре?“

Од таму Игли оди во земјата каде секогаш сакал да заигра - Италија. Прво во Болоња, па во Бреша и во Лацио. Во сите клубови таму не се изнадава којзнае колку голови (дали 50-ина за цела кариера) и во Лацио навивачите биле скептици за него.

Токму тоа му помогнало да се справи со притисокот кога го назначиле за спортски директор.

****

Кога дознал за новата должност на Таре, тренерот Делио Роси му се јавил на Лотито: „Кој ѓавол го постави за спортски директор без да се советуваш со мене? Мене не ми треба спортски директор“.

Лотито терал по свое: „Јас сум претседател и можам да ставам кого сакам. Сигурен сум дека ќе погодам со него.“

Таре свикал прес-конференција дури и во Албанија. Таму исто биле изненадени. „Навистина вие ќе бидете спортски директор?“, го прашал некој новинар кој како да не знаел зошто е пресот.

Во Игли верувал само Лотито. После пар месеци му кажал на Албанецот зошто го избрал него: „Ти збориш шест јазици, го разбираш фудбалот, не си преварант и не си заразен од болеста на италијанскиот фудбал“.

Но Таре не почнал добро. Го испуштил Хавиер Пасторе. Агентот на фудбалерот, Марсело Симонјан му пратил DVD со игрите на младиот Аргентинец, но тоа му залутало на Таре во многуте DVD-а.

И така Пасторе отиде во Палермо а после пар години ПСЖ за него плати 43 милиони евра!

Голема утка на Таре, но не се предавал туку смислувал своја методика на работа. А таа методика е најзаслужна за последните успеси на Лацио.

„Лацио е единствен клуб во Серија А кој нема скути. Таре е човекот кој се занимава со видеоаналитика а има и контакти во цел свет. Најмногу од се сака да разговара лично со потенцијалните засилувања. Сигурен е дека само така ќе сфати каков е фудбалерот“, вели Танкреди Палмиери, реномиран италијански новинар.

Таре е спортски работик кој не сакал кога над задачата работата многу луѓе. Тој смета дека најважно за еден спортски директор е од непознат фудбалер да направи ѕвезда. Не е важно што другите зборуваат.

Тој сака „да копа“. Се сеќава како со него се однесувале во Германија и затоа нема предрасуди.

Во 2011 година Лацио барал напаѓач а Таре се сетил на Мирослав Клосе со кој се дружел уште од времето во Кајзерслаутерн (Германецот во Рим дојде на 34 години и одигра одлични 5 години во кои постигна 54 гола).

Антонио Кандрева го нашол во Чезена кого го трампал за Симоне Дел Неро. Вториов сега игра во Серија Д, а Лацио го продаде Кандрева за 22 милиони евра. Лукас Леива на „Олимпико“ стигнал после неколку години на клупа во Ливерпул и во Рим ја одигра најдобрата сезона во кариерата.

На ваков принцип Таре работи и со тренерите.

Во 2012 година го доведе Владимир Петковиќ кој претходно работеше само во Швајцарија и Турција. Причина? Му се допаднал личниот разговор со него. А Петковиќ го запознал кога договарал трансфер на Лулиќ од Јанг Бојс.

Уште една интересна особина на Таре е што не обраќа внимание на националноста на фудбалерот (на пример во Интер веќе 2-3 години се фокусирале само на аргентински пазар).

За 9 години колку што е спортски директор во Лацио довел играчи од 20 земји и таква шареноликост нема ни еден клуб во Серија А. Така во Лацио играат Романецот Раду, Албанецот Стракоша, Србинот Милинковиќ-Савиќ, Босанецот Лулиќ, Бастос од Ангола, Марушиќ од Црна Гора итн.

Ваквата работа се објаснува просто: во играчите од не претерано фудбалските земји тој се гледа себе во младоста и ја знае нивната мотивација:

„Ако тренерот треба да бира меѓу Аргентинец, Бразилец и Албанец, очигледно е дека ќе го интересираат Јужноамериканците. Знам колку се скептици тренерите за играчи од нефудбалски земји. Тоа знаење ми помага во работата“, вели Таре.

На крајот, тој работи добро. Лацио комотно ги продава најдобрите играчи во топ клубови а паралелно е сериозна екипа во Серија А.

НАЈСКАПИ ПРОДАЖБИ ВО ВРЕМЕ НА ИГЛИ ТАРЕ ВО ЛАЦИО:

2014 Ернанес во Интер за 18 милиони евра

2016 Антонио Кандрева во Интер за 22 милиони

2017 Лукас Биља во Милан за 17 милиони евра

2017 Кеита Балде во Монако за 30 милиони евра

2018 Фелипе Андерсон во Вест Хем за 40 милиони евра.

Таре неодамна бил признат за еден од најдобрите во оваа индустрија: во 2015 година станал лауреат на престижната награда Italian Sports Awards (секоја година ја доделува Gazzetta dello Sport) во номинација за најдобар спортски директор во Италија.

Конкуренти му биле Адриано Галијани кој проаѓаше тешки времиња, а Валтер Сабатини остана без работа. И покрај сè, во работата на спортскиот директор на Лацио има и темна страна.

И покрај успесите, Таре не е баш омилен меѓу навивачите на Лацио. Најопасна епизода се случила во 2014 година кога Лацио го барал стоперот на Каљари Давиде Астори а тој ја одбра Рома.

Навивачите тогаш го кривеле Тари за поразот од градскиот ривал. Го дознале неговиот број и го малтретирале со упорно ѕвонење. Еднаш дури и резервирале авионска карта до Амстердам на негово име па Таре морал два часа да се објаснува со службите. На крајот го сменил бројот.

„За десет години ми праќаа заканувачки писма, повици, смс пораки. Неколку пати го менував бројот. Но тоа не ме скрши“, признава Таре.

Но тоа не било најлошо што го снашло. Во 2017 година поради пад на имунитетот и истоштеност бил во животна опасност: 10 дена поминал на интензивна терапија.

Тој настан го научил на многу нешта. Сега зема редовен одмор што претходно било незамисливо. Кога во декември 2017 отишол во Дубаи осум дена на одмор, во Лацио не им се верувало. Тоа бил прв негов одмор за 10 години.

Периодично за него се распрашуваат други клубови (во пролетта 2018 Интер сакал да го доведе место Валтер Сабатини), но Игли останал верен на Лацио. Во овој клуб е 13 години и не мисли да си оди.

Новиот договор му истекува во 201 година и тој е близу сонот да го направи Лацио топ клуб.

„Имам страст за овој клуб. Се стремам Лацио да го уважуваат в цел свет. Сакам Лацио да не биде трамполина туку крајна цел на талентирани играчи“, заклучува Игли и не заборава кога миел садови во Германија.

27 август 2018 - 13:43