„Кај нас е детето кое ќе го запознае цела Серија А, памтете ми го зборот“, велел за него првиот тренер во детската екипа на Асколи, Ремо Орсини. Кога Орсини првпат го видел, Рикардо имал 8 години и учествувал на детски турнир на една од плажите.
Тренерот брзо зборувал со татко му на Орсолини кој во младоста бил фудбалер и го убедил да го донесе син му во школата на Асколи.
На 16 години Орсолини дебитирал во Лега ПРО - тогаш го одиграл првиот меч во професионален фудбал. Од сезоната 2015/2016 играл за младинците на Асколи и ја завршил годината со 17 гола и 9 асистенции. Преминот во прв тим бил неизбежен. Набрзо дебитирал и за репрезентацијата на Италија до 21 година каде постигнал два гола.
Но ништо не е сменето во неговото секојдневние. Рикардо Орсолини и натаму уживал да игра ФИФА каде уште не е феномен со високи оцени, негов идол е Занети, а Орсо редовно го исклучувал мобилниот за да биде раат од редовните познати и непознати повици.
Но одвреме-навреме го вклучува како тогаш кога излегла веста дека го бара Јуве: „Кога го вклучив пак мобилниот имаше повеќе од 500 пораки на Whatsapp! Ниту ’сајлентот’ не го спасил, телефонот постојано му вибрирал: ’Орсо, одиш во Јуве?’, му стигнувале пораки од другарите.
Во шумата од пораки и повици ни самиот не знае како се решил да крене на еден непознат број. И тоа во моментите кога поради тоа што не сака математика, туку повеќе сака да чита книги, решил да седне и да чита. Која книга? Секако автиобиографската на неговиот идол.
„Една недела по двата гола против Карпи ми ѕвонеше непознат број. Ми се претстави Аузилио, спортскиот директор на Интер кој ми се јави од Кина и ми рече: ’Чекај, некој сака да те слушне’. Беше тоа Занети но не го препознав. Ме праша: ’Знаеш кој е’? Овде е човекот чијашто автобиографија ја читаш. Бев во транс, почнав да му се заблагодарувам илјада пати без да слушам што зборува. Претходните денови изјавив како ја читам неговата книга а тој ми се јави да ми заблагодари и ми вети дека ќе ми прати дрес со автограм“.
Веднаш им се пофалил на татко му Париде, мајка му Кристијана и сестра му Моргана.
Рикардо Орсолини е роден на 23. јануари 1997 година во Ротела, мало селце со околу 1.000 мештани на 30 километри од Асколи. Фудбалот го сакал уште од мал, но не бил упорен и благодарение на татко му сè испаднало добро.
„Ме носеше на селското игралиште да шутирам. Од тогаш не престанав со топката. Роден сум со топка и ќе умрам со неа“, вели Орсолини кој од јуни ќе стане член на Јувентус.
Вели дека е горд што бил дел од младиската школа на Асколи и неодамна го истетовирал грбот на овој клуб. „Многу дечиња на крај од натпреварите ми бараат автограм и тоа е најголема чест, најголемо признание за мене. Уште се чуствувам дел од нив“. Таков бил и самиот Рикардо кој на 13 години собирал топки на стадионот на Асколи.
„На почетокот кога влегов во првиот тим ме ставаа бек за да научам да играм одбрана“, се сеќава Орсолини.
Од дебито до денес има 21 настап и 4 гола во Серија Б. Првотимец кој за трансферот во Јуве ги почастил другарите со пица во соблекувалната.
Кога Милан се откажа од него (Галијани им рекол дека Кинезите уште не дале средства за трансфери), по потписот на Орсолини тргнал шампионот Јувентус. Бјанконерите за него на Асколи му платиле 6,5 милиони евра плус бонус од 5,5 милиони во зависност од настапите (вкупно 13 милиони евра) и плус 50% од неговиот следен трансфер.