Таг: рикардо орсолини

Емоции на баба му на Орсолини до небо за пласманот на Болоња во Европа

И официјално Болоња следната сезона ќе биде дел од меѓународната сцена, само уште не се знае во кое од трите европски натпреварувања. Последен пат играа во Европа во 2002-ра во тогашниот Интертото Куп. Во Купот на УЕФА играа во 2000-та, а во ЛШ во далечната 1964-та, кога го освоија Скудетото, седмо и последно во нивната историја. Баба му на Рикардо Орсолини во солзи за фантастичниот успех на својот внук.

Мајсторија од мртов агол на Болоња за реми во 94-та

Пред месец и кусур Пауло Дибала на Атлетико Мадрид му даде ненормален гол од слободен удар. Мислевме дека долго време нема да видиме таков удар, ама 22 годишниот Рикардо Орсолини од Болоња го повтори денеска Фиорентина за конечни 1:1 во судиско.

А слободниот на Болоња го видовте?

Синиша Михајловиќ сигурно бил црвен од срам по 15 минути игра во Бергамо, ама без разлика на дебаклот не бива ако не му пружал рака на Рикардо Орсолини. Погледнете од каква позиција и даде гол на Аталанта. Секоја чест за левицава.

„Ало, здраво, овде е човекот чија биографија ја читаш“

Со неколку потези „ги извади од копачки“ своите противници и го сврте фокусот кон себе. За неговиот потпис најбрз од сите бил Јувентус чијшто член Рикардо Орсолини ќе стане од јуни до кога ќе игра во матичниот Асколи.

Како некому со дриблинг да му завршиш кариера

Рикардо Орсолини има 18 години и е дете на италијанскиот Асколи. За него се интересираат сите великани од Серија А, а еве и зошто.