Емоции на баба му на Орсолини до небо за пласманот на Болоња во Европа
И официјално Болоња следната сезона ќе биде дел од меѓународната сцена, само уште не се знае во кое од трите европски натпреварувања. Последен пат играа во Европа во 2002-ра во тогашниот Интертото Куп. Во Купот на УЕФА играа во 2000-та, а во ЛШ во далечната 1964-та, кога го освоија Скудетото, седмо и последно во нивната историја. Баба му на Рикардо Орсолини во солзи за фантастичниот успех на својот внук.
Сензацијата на сезоната упорно не ја дава четвртата позиција, а до крајот на сезоната има уште 4 кола. И петтиот од Италија оди во ЛШ, што значи блиску се до пласман во елитата после пауза од 60 години.