Таг: адриано галијани

Ултрас издание на Галијани кој мислеше дека е на миланското дерби

Дефанзивецот на Монца, Лука Калдирола извади 2:2 против Интер со гол во 93-та минута. 78 годишниот Адриано Галијани урлаше како во старите добри времиња. После 31 година и 29 трофеи тешко се менуваат некои навики, плус противникот се вика Интер.

На Милан му е пишано да има ќелав директор

32 години ќелавост. Италијанците го викаат amministratore delegato, функција која кај нас би можела да се преведе како извршен директор во клубот. Прво им беше легендарниот Адриано Галијани, потоа бледиот Марко Фасон,е за денес и официјално да објават дека од 1. декември AD ќе им биде Иван Газидис, богатиот акционер кој неодамна го напушти Арсенал. Пази случајност, и тој ќелав.

Берлускони му се враќа на фудбалот, ќе купува третолигаш

Поранешниот претседател на Милан го продаде клубот на кинески бизнисмени во април минатата година и заедно со неговата десна рака Галијани се повлекоа од „Сан Сиро“. Сега сакаат да се вратат во фудбалот.

Тетоважа за Креспо на левата рака и голема љубов кон својот Габон

Еден од најдобрите играчи на денешницата, Габонецот со француско потекло, Пјер-Емерик Обамејанг конечно стави крај на сите заврзлами и потпиша богат договор со Арсенал. Животна желба му била да заигра за Реал Мадрид и да вози бесни коли.

Врската меѓу Донарума и Милан траеше само година и пол

Од дебито против Сасуоло на 25. октомври 2015 до поразот во Каљари на 28. мај 2017 кога го одигра последниот меч за Милан. 19 месеци страшни паради, рекорди, грешки, радост и тага.

Тифозите на Милан со парола се ратисаа од Галијани

Откако кинеска компанија ги купи мнозинството акции на Милан нов главен оперативец на клубот стана Марко Фасоне, а досегашната алфа и омега Галијани заминува од клубот после 31 година. Навивачите на денешното дерби со Интер го испратија со парола: „Заврши и Кондоровиот лет, сега и ти си слободен играч“, алудирајќи така на праксата на Галијани да купува слободни фудбалери со сомнителен квалитет.

Комедијата со Кинезите во Милан

Стефано Корти и Алесандро Онис се комичари на кои им дошло преку глава од тетеравењето на Берлускони со продажбата на Милан на кинеските милијардери, па решиле да направат мала рапсодија. Наоѓаат Кинези кои во Милано работат како и секој просечен Кинез, ги дотеруваат во одела и во луксузни џипови ги носат до Миланело па до Сан Сиро за да се запознаат со клубот и управата. Најјак момент е кога еден од обезбедувањето им вика: “Сега ќе се јавам кај г-ѓа Барбара Берлускони и кај Галијани“.

„Ало, здраво, овде е човекот чија биографија ја читаш“

Со неколку потези „ги извади од копачки“ своите противници и го сврте фокусот кон себе. За неговиот потпис најбрз од сите бил Јувентус чијшто член Рикардо Орсолини ќе стане од јуни до кога ќе игра во матичниот Асколи.

Берлускони полни 80 години и се сеќава на Капело, Кака’ и Дејан

Завчера на Франческо Тоти роденден му честитаа од Папата и Лионел Меси, до претседателите на Кина и Куба. Утрово капитенот на Рома му честиташе роденден на човекот без кого италијанскиот фудбал сигурно немаше да биде ист низ историјата. Ил Президенте наполни 80 години.

Сите празни патувања на Адриано Галијани

Ако пред десетина години го гледаа како семоќен, денес „Uncle Fester“ е предмет за подбивање. Од лето во лето патува ко бајаги да договори трансфер, а се враќа со празни раце поради што навивачите на Милан сакаат да си оди од клубот што побрзо.