Отсекогаш луд за својот Милан, клуб во кој се вљубил како тинејџер на екскурзија во средно и клуб кој го водеше 30 години и го направи најтрофеен на светот.
Сторијата „Сите луѓе на претседателот“ почнува со Ариго Саки, затоа што без него Милан на Берлускони не би бил истиот. Кога првпат ја видел Парма на Саки, веднаш сакал да го ангажира во својот Милан.
Под палката Саки, тренерот кој денес изјави дека за неговиот однос со поранешниот италијански премиер може да напише книга („Еднаш дојде во соблекувална и им одржа лекција на играчите да си оди кој не ме следи мене на теренот“), Росонерите освоија едно скудето, два Купа на шампионите и многу други трофеи пред заминувањето во 1991. година.
„Берлуска“ отвори нов циклус со уште една страшна интуиција: Фабио Капело. Го вработил на почеток во компанијата Mediiolanum, му ставил биро а после неколку години двајцата ја продолжија легендата за славниот Милан.
Па моментот кога на прв поглед се вљубил во "Црното лале" Руд Гулит. На турнирот "Трофео Гампер" во Барселона таа 1986. година играле Барселона, Милан, ПСВ и Тотенхем, а Президенте решил по секоја цена да го купи расниот холандски напаѓач. За човекот кој во следните шест години го забавуваше Сан Сиро, Силвио одвоил рекордни 18 милиони марки.
За тоа каков фудбалски сенс има Берлускони зборува и анегдотата со Дејан Савичевиќ. Тренерот Капело немал многу доверба во Црногорецот кој најчесто стоел под сенката на Сан Сиро, но Силвио го убедувал дека е гениј и дека треба да му даде време. А Дејо се заблагодари со оној лоб против Зубизарета во финалето на ЛШ 1994. година.
Берлускони го сакал Подгоричанинот најмногу од сите, па дури повеќе и од Шевченко со кој се родени на ист ден и на чие дете му стана кум и за кого на Динамо Кев во мај 1999. година му плати 25 милиони долари како одговор на Роналдо во Интер. Толку многу го сакаше можеби само Кака’ за кого Президенте велеше дека е „син што сите мајки и маж што сите жени би го посакале“.
Па и десната рака Адријано Галијани на кој пред 30 години му ги даде клучевите од Милан и никогаш не му ги одзема. Човекот со кои сведочеа славни денови на „Црвено-црните“.
Под водство на Силвио Берлускони, Милан освои 28 трофеи и стана тим со дури 10 Златни Топки во својот состав. По цели 30 години сопственик на клубот, стариот лисец реши да го продаде клубот на кинески инвеститори.
Негов омилен меч е оној во Мадрид кога Милан во сезоната 1988/89 со 1:6 го згромил Реал: