Нашиот стар волк со две европски титули и прв Македонец кој заигра во НБА лигата, раскажува разни пикантерии од неговата кариера, како дуелот со Леброн Џејмс, парите кои му ги должи Звезда, животот во Истанбул со мачката, зошто не би се кандидирал за претседател на МКФ, како и тешкиот старт како дете кога не го ставале во игра. Перо Антиќ за српски Моцарт во негов стил, отворен, забавен и спонтан.
„Како дете играв три пати неделно фудбал, а кошарката дојде сосема случајно. Брат ми со другар отиде на тренинг, ме викна, јас прифатив, а не знаев ни зошто. Едноставно повеќе сакав фудбал. И одма почнаа проблемите, тренерот не ме ставаше во екипа и три месеци не се појавував. Не ме ставаш? Добро, тогаш не доаѓам. Се јавуваа моите и бидејќи татко ми Зоран беше кошаркар и знаеше како тоа функционира, ми зборуваше дека јас ќе ги сносам последиците“.
Како се изборивте со проблемот?
Порасна и почнав да ја куцам. Мотивација ми беше да бидам подобар од старите и да им се смеам во лице. А после тие те бркаат, а ти бегаш.
Дали така беше и на почеток на професионалната кариера?
Не. Станав посериозен. Иако во тој период имав други проблеми. Се навлеков на телефони. Во АЕК немав за леб, ама купував по три мобилни телефони месечно.
После Атина, следуваше најубавиот период за кошаркарски живот. Црвена Звезда и Белград...
Поминав две преубави години во Србија. Уживав. Ја сакам Звезда, па дури и им го простив долгот од 68.000 евра. Или поточно не им го простив. Не ме прашаа. Кога ќе ги сретнам луѓето од клубот, ги прашувам на шега што се случува со парите, а тие како да имаа спремен одговор – тоа веќе е застарен случај.
Какво е чувството да се освои Евролига?
Како и секој друг трофеј. Се вративме во Атина, а лудите Грци одма `fuck Euroleague, fuck Панатинаикос`. Се брзо поминува, нема време за славење. Но потоа дојде националната титула после 15 години. Е тоа беше спектакл. На прославата сите дојдоа со жените и девојките, а ја со Пеце, другар и газда на мојот омилен кафиќ во Белград.
Има ли пецкање во Фенербахче, со оглед на тоа што играат и некогашни поранешни членови на вечниот ривал од Белград?
Како нема. Од една страна Жоц, Богдановиќ и Весели, а од друга Калиниќ, Бата Зимоњиќ и јас. Замислите, Богдан Богданович и јас цимери. Сè ви е јасно.
Новиот формат на Евролига делува исцрпувачки. Како се носите со тоа?
Јас сум постар, напорно е. Системот на натпреварување е поразличен во однос на претходните сезони, но колку и да ти се допаѓа или не, мора да ги исполниш барањата на генералот.
Генералот?
Жељко, се разбира. Единствен е. Јас го викам Пикасо. Уметник кој има своја филозофија на работа и поради тоа е најдобар.
Колку е тешко да ги исполните барањата на најтрофејниот стручњак на Стариот континент?
Што мислите вие? Секој тренинг, видео...на секоја ситница се обрнува внимание. Ништо не се препушта на случајот. Жељко убаво кажува дека мораш да знаеш што правиш, која ти е улогата и да бидеш сконцентриран, бидејќи тоа ги издвојува големите клубови од останатите.
Како го убивате времето во Истанбул?
Нема премногу слободно време, но ние Балканците се трудиме да се собереме и да се дружиме. Сигурно не знаете, ама Махмутоглу разбира српски. По потекло е од Нови Пазар. Знае и да каже по нешто, можете да претпоставите што, ебе... Семејството ми е во Скопје, па скоро купив мачка. Не е лесно да се вратиш во празен стан. Затоа секогаш има кој да ме дочека, “ќеркичата“ Леа. Јас на неа што правиш мацо, а она мене мњау, мњау. Гледам дека ме разбира, ќе ја помазам, ќе се гушнеме. Сакам животни, сите освен змија и ајкула.
Постои ли страв од се почестите терористички напади во Турција?
Не следам многу, ама слушам што се случува. Тоа секогаш е актуелна тема. Жал ми е што гинат невини луѓе. Ако сам не се чуваш ќе наебеш, ако премногу размислуваш за тоа ќе станеш параноичен.
Завршивте во Фенербахче после две успешни сезони во Атланта. Дури бевте и учесник на Ол стар?
Гледате до каде дојде НБА кога стигнав до Ол стар и тоа како најстар руки.
Може ли да се направи споредба меѓу најквалитетната лига во светот и европската кошарка?
Во НБА е важно играчите да бидат среќни, а во Европа кога ќе изгубиш одма нервози. Со Атланта еднаш имавме 14 порази по ред, а тренерот ни зборуваше дека сме правеле позитивни ствари, викам што зборува овој. Кога одевме на гостување, ден пред натпревар седиме во хотел, а од стручен штаб ни кажуваа каде да излеземе и каде има добар провод. Замислите јас околу полноќ излегувам од хотел и го среќавам Жељко. Тој ме прашува каде одам, а јас да му кажам на провод. Не оди.
Големо внимание во американските медиуми предизвика “инцидентот“ со Леброн Џејмс, еден од најдобрите играчи на денешницата?
Во финалето на Истокот се залета да ја закуца преку мене, но јас тоа не го дозволувам. Сине ја сум постар, не може така да правиш. Плус кога ќе се вратам во Европа, ќе ме реметат. Во една прилика тргнав да го изблокирам Леброн, но помислив `пушти го, гледај како изгледа во живо кога забива Кралот`.
Македонија без вас не успеа да обезбеди виза за ЕП 2017. Дали размислувате да седнете на претседателската фотеља и да ја вратите селекцијата на вистински пат?
Не, никогаш. Не сакам да бидам претседател, а на играчите да не можам да им овозможам нормални услови. Јавно ги напаѓам луѓето во сојузот и им сугерирам тоа што го прават на страна, најлесно да го операт многу спортот. Се пензионирав во 2013-та бидејќи не сакав да им ги земам местата на талентираните деца. Не ми е проблем да земам 20 шутеви, но тоа треба децата да го прават. И сега после ова, мене претседателот ме пцуе и ми зборува како мене ми имал давано многу.
Не се плашите ваквите изјави дека можат да наидат на осуда во македонската јавност?
Немам од што да се плашам. Направив име и презиме, не сум украл ништо, а ниту сум му наштетил некому. Има луѓе кои ме сакаат и кои не ме сакаат. Ти завидуваат кога нешто ќе сториш на поштен начин. Типично балкански. Југословенска школа.
Во разговор за автомобили се потсети на една анегдота од НБА.
Во една прилика, јас и Мирослав Радуљица бевме на вечера во Милвоки. Дојде по мене со Мини морис, се паркираме и сега замислите како две горили со брада излегуваат од таква кола, циркуз. Инаку Радуља сака Харли Дејвидсон. Цел стан му беше натпрупан со делови од моторот. Ужива во тоа, многу добар лик.
Тетоважите се неизбежна тема кога сте вие во прашање...
Ги сакам, ама не сум зависен. Еве 5-6 месеци ништо не сум истетовирал. Сè што ми значи во животот имам на тело. Наскоро само на задникот ќе имам слободно место.
Телефоните ви беа и останаа голема страст...
Не сум фрлил до сега ниту еден. Неодамна купив еден од првите модели Сони Ериксон и Нокиа 3310. Се сеќавам кога во тие времиња беа чудо од технологија. Ќе те изнервира некој, го фрлаш телефонот во ѕид, потоа само го склопуваш и си работи нормално.
Ги собирате ли дресовите во кои сте играле?
Ги имам сите, освен тие од АЕК. За среќа го знам човекот на кој му го подарив, па го замолив да ми го врати. Само тој жолтиот ми фали. Но не беше лесно да ги зачуваш, особено кога потпишав за Атланта. Цела Македонија ми бараше дресови, по мејл, месинџер...За другари, за нивни другари...Аман луѓе јас не штампам дресови. Ја чувам и топката со која игравме Ф4 во Лондон. Кога заврши мечот, баскетот го ставив под маица.
Родени сте во ист ден со сопругата Ружица?
Постара е една година, ме фати на финта. Инаку таа ми ги донесе тројцата најдраги подароци: Лука, Павел и Петар. Сè што е материјално брзо се заборава. Ќе добиеш саат, го ставаш во фиока.
Размислувате ли некогаш за крај на кариерата?
Доаѓаат моменти кога ти е сè преку глава, но премногу сум искусен за лесно да пресечам. Скоро прочитав дека се пензионирал Пабло Приџони. Па тргнуваш и размислуваш за тоа, гледаш Приџони ги закачил патиките на клинец. Парите кои се заработуваат како врхунски спортист, тешко можеш да ги заработиш со легална работа. Единствено ако не бидеш дилер на дрога, криминалец. Кога почнав татко ми ми го даде најдобриот совет – играј додека уживаш во кошарката, кога ќе почувствуваш дека ти е само како работа, пензионирај се.