Запознајте го новото оружје на Милан, луд по бројот 7, Стефон Кари и Роналдињо

Џерар Деулофеу утрово скапа 4 часа на медицински прегледи, а од таму се упати во базата на Милан каде ќе потпише позајмица до 30 јуни годинава. Таму го чекаат двајца пријатели: Карлос Бака со кој славеа Лига Европа и Сусо со кого два пати како младинци станаа прваци во Европа.

Нов подарок

Се работи за момче со препознатлива насмева во медиумите и пријателски карактер кој го носи во себе. Во 2014-та го ставија во топ 10 листа на најнадежни млади фудбалери, а според стилот на игра го споредуваат со Кристијано Роналдо.

Паралелно со градењето на кариерата која за сега му се состои од Барселона, Севиља и Евертон, 22 годишниот Џерар паралелно работи на случајот и приватно. Во брак е со Мари, а ја очекуваа Сара која ќе биде нивниот најнов подарок.

Нумерологија

И покрај тоа што го има носено само два пати во кариера, Деулофеу го обожува бројот 7. Тие два настапи со 7-та на грб му се во Барселона Б сезона 2012/2013, а во Евертон ги смени броевите 10, 19 и 16. Желбата веројатно ќе му се исполни во Милан бидејќи бројот 7 е слободен откако Луиз Адријано замина во Спартак Москва. Интересно е што дента кога дебитираше во сениорска конкуренција влезе на местото на Давид Виља, фудбалерот кој цела кариера го паметиме по бројот 7.

Пријатели

Како капитен на Шпанија У21 е рекордер со 16 гола на 32 меча. Со Денис Суарез и Алеикс Видал од Барселона заедно се радуваа во Лига Европа, кога го освоија пехарот како членови на Севиља во сезоната 2014/2015. Во Милан ќе се најде со двајца поранешни колеги, тоа се Карлос Бака, исто така од Севиља, како и Сусо со кој заедно играа за четири младински селекции на Шпанија, а со У19 станаа Европски прваци и тоа два пати по ред 2011-та и 2012-та.

На градското дерби ќе се сретне со уште двајца стари познаници, Банега од Севиља и Икарди со кој беа заедно во Барселона Б. Ако го прашате за тренер на кој му е посебно благодарен, ќе го впери прстот накај Роберто Мартинез на кој уживаше голема доверба во Евертон.

Џерар знае и да ги подучи новинарите кои знаат да му го погрешат презимето и да им посочи дека се презива Деулофеу, а не Деуфолеу.

Чудо од дете и идолопоклонство

Во Ла Масија влезе на 9 години, од година на година е подобар и подобар и го нарекуваат чудо од дете. На крај за него имаше и војна меѓу брендовите која ја доби Најк.

Идол отсекогаш му беше Роналдињо со кој не успеа да се слика, а сега има желба да го имитира. Најдобар меѓу најдобрите во моментов според него е Кристијано Роналдо кој го опишува како најкомплетен играч.

Кари, Лукас и Шери

Деулофеу е внимателен на социјалните мрежи каде знае често да ретвитува и да им одговара на фановите. Тој е поврзан со својата фамилија каде освен сопругата Мари и Сара на пат, има и две миленичиња по име Лукас и Шери.

Во слободно време знае да се појави во централната ложа на Вимблдон, а многу сака и кошарка, особено Стефон Кари и Вориорски кои ги гледаше заедно со Алеикс Видал две години по ред во НБА финалето. Кошарка има играно, но само на Сони Плејстејшн заедно со Лукаку и Фунес Мори.

23 јануари 2017 - 16:15