„Со него беше тешко на тренинзите. Од белата точка со глава шутираше исто силно како со нога. Или кога трчаш со топка напред, он со два чекори те стигнува“, Дмитриј Костјаев од Крилја Совјетов најдобро го опишал високиот Чех.
Јан Колер е роден во Прага, но од шест години живеел во Сметанова Лхота, недалеку од реонскиот центар Писек. Самото село е големо колку една IKEA: 300 луѓе, еден градоначелник, еден полицаец, еден лекар и еден наставник по физичко кој подоцна го праќа громадниот ученик во градот Писек на сериозен фудбал.
Јан претходно играл во своето село. Таму имало малку деца, но доволно за фудбалска екипа со терен и опрема која што ја набавил главниот во општината. Колер имал два дреса: еден за игра и еден повремен со број 10 Мишел Платини кој му го сошила мајка му.
На 14 години го пратиле во Миротица, место со 1.500 мештани, градоначелник, доктор, сериозен фудбалски клуб со тренер, стадионче, топки, опрема, дури и кујна. Некогаш им фалел голман и во такви случаи Колер застанувал на голот иако од детството играл напред. На 19 години веќе изгубил трпение: се спакувал и отишол во Дукла од Писек. Таму тренерскиот штаб не бил импресиониран од неговата физичката подготовка: Не трчал многу, се задишувал брзо и генерално изгледал тажно дури и во трета лига.
Во Чехословачка и натаму имало воен рок. Колер стигнувал на време на натпреварите, но и натаму патувал со воз. Во армија станал готвач и учел за автомеханичар. „Мора да признаам дека ја сакав кујната“.
Јан има уште стории од тоа време: На 1. април 1992 година Спарта Прага играше со Барселона во Лигата на шампионите и оствари историска победа од 1:0, а јас се разбира мечот не го гледав“, се сеќава високиот Чех во едно неодамнешно интервју.
Во 1992 му завршил воениот рок и се вратил во Лхот каде купил билет и се вратил во Прага да работи. Кога се растурила Чехословачка, морал да работи напорно, на крајот го напуштил домот на баба му поради високите сметки за парно.
Спиел кај другари, по бензински пумпи каде работел на црно заедно со другар од селскиот тим во детството. Претпладне точеле бензин а попладне тренирале со градскиот аматерски клуб „Крч“.
Еднаш играле против вториот тим на Спарта и другарот на Јан го викнале на проба. Кога тренерот на славната Спарта се фасцинирал од големината и висината на Колер, двајцата другари направиле зделка каква што може само Мајкл Корлеоне во Ватикан - потпишале договор со родниот селски клуб Сметаново Лхоти, а потоа отишле на преговори со Спарта која за Јан Колер дала 100.000 крони.
Парите ги поделиле со другарите од селото.
Од фудбалот тогаш Јан заработувал помалку отколку на бензинската: вкупно 4.000 крони месечно плус 600 крони премија за победа. Во 1995-та младиот Јан заиграл во младинското првенство, тренирал со првиот дим и бил златна резерва.
Тренерот на Спарта Прага Сундерман се сетил и го пратил помошникот Боровичка за повеќе детали за Јан, а после еден месец му дал на Колер плата од 6.000 кони и плус премија од 10.000 крони за победа. Во таа сезона високиот напаѓач одиграл шест меча, дал гол и го освоил првенството.
Спарта во ’90-те собрала 10 титули за 10 сезони и амбициите им биле висок пласман во Лига на шампиони, но за таа цел смениле дури 11 тренери за 10 години. На припремите пред стартот на сезоната 1996 Колер дошол кај тренерот Сундерман: „Сфатив дека го користите Дино и дека тој ќе биде прв напаѓач, за мене нема место.“.
После шест месеци Германскиот тренер добил отказ и Дино седнал на клупа: „Навивачите ме навредуваа, ми свиреа. Некои играчи со кои бев близок одамна сега ме игнорираа. Не можеа да сфатат дека тие тренирале од детство во најдобрите академии во земјата, а јас почнав кариера на 21 година“, се сеќава Колер.
Во летото 1996-та Јан договарал трансфер во Чешке Будејовице, но во последен момент излегла варијанта за Белгија. Управата на Локерен била поделена на два табора: првите го сметале Чехот за неквалитетен, а вторите машина за голови.
Во негова одбрана застанал Јозеф Ваценовски - поранешен играч и тренер на белгискиот клуб.
На крајот Локерен потпишал со двометрашот кој за две години дал 27 гола, заиграл за репрезентацијата и станал најдобар чешки фудбалер во 1990-та, а набрзо и најдобар играч во белгиската лига (веќе во дресот на трофејниот Андерлехт).
По авантурата во Белгија, него го купува Дортмунд. Таму Јан ги доживеа најдобрите моменти во кариерата, а во еден момент и бранеше за Борусија.
Во Дортмунд заедно со Росицки го освоија Купот на УЕФА.
„Прекрасно време. Чудно за клубот давав повеќе голови отколку за репрезентацијата. На пример во Теплице во квалификции за Светско против Северна Ирска од бес го искинав дресот а потоа добив црвен картон против Исланд. Во Копенхаген ме исклучија поради разговор со судијата и на седум меча за репрезентацијата не дадов ниеден гол. Среќа после 30 години го достигнав врвот и освоив бронза на ЕП“, вели Колер.
Против Реал во ЛШ на 19.02.2003 на Бернабеу:
На осум денови до почетокот на Европското правел свадба. Се земал со Хедвика Кањкова, професионален модел која дошла во Белгија со пријателка и таму го запознала Колер.
После Дортмунд каде играше цели 5 години и на 137 меча постигна 59 гола, горостасниот Чех играше и за Монако (51/12), Нирнберг (14/2), Крилја Советов (46/16) и Кан (43/21). За чешката репрезентација одигра 91 меч и даде 55 гола.
Во моментов работи како тренер на третиот тим на Монако.