Пожарот се случил утрово околу 7 часот на трибината која е крстена по великанот Сер Боби Чарлтон. Нема ниту жртви, ниту повредени, туку само минимална штета.
Чадот можел да се види од јужната страна на стадионот по што информацијата брзо се раширила на Твитер.
„Една мала електрична грешка предизвика пожар кој брзо бил идентификуван на трибината Сер Боби Чарлтон“, стоеше на Твитерот на Манчестер Јунајтед.
Според првичните информации пожарот избил поради дефект на моторите во еден од лифтовите.
Пожарната била повикана во 8:30 и откако интервенирале три екипи наеднаш, успеале да го изгаснат за 15 минути.
Домот на Манчестер Јунајтед е изграден во 1910 година и тој е втор најголем стадион во Велика Британија со капацитет од 75.643 седишта.