4:00 часот наутро. Балотели се враќа од дискотека мртов пијан, му дава 500 евра на бездомник, едвај до гаѓа клучот во бравата од колата и се фрла во кревет со се алишта. Пред да заспие го гледа мобилниот со 17 пропуштени пораки и смс порака: „Марио врати се дома или во недела ќе седиш на клупа. Жозе“.
6:00. Тијаго Мота се буди, гледа на саат и станува за да не задоцни на тренинг од 10 часот.
7:00. Жозе Мурињо станува од кревет подготвен за новиот ден. Забележува со задоволство дека Ето е веќе ставен на трансфер пазарот и игра смешно од радост.
8:00. Хавиер Занети ги носи децата во школо. Има доволно време да направи пункт во бар за да собере пари кои би оделе во хуманитарни цели. Потоа има уште 5 километри до тренинг базата за да ги истрча и да стигне пред сите.
8:30. Во пресрет на следните ноќни натпревари Мајкон реши да си направи едно правило: Појадок на база на корнфлекс натопен во мраз.
9:00. Весли Снајдер станува од спиење и како секое утро проверува дали жена му е до него, а потоа проверува под кревет да не се крие Кениецот Марига.
10:00. Играчите се на тренинг, освен Арнаутовиќ кој се појавува последен и вели: Тука во Милано се луди, тргнав по обиколница за да стигнам побрзо, ама сите возеа во спротивен правец. Еден па возеше директно во мене.
11:00. Тренингот конечно може да почне. Шемата е едноставна, топката оди кај Милито кој е во страшна форма, а тој гаѓа прецизно како и да шутне, па макар имитирајќи го фелшот на Кварезма.
11:30. Тројца играчи од Примавера добија задача да вежбаат игра еден на еден со Лусио. Билансот е следен: повреда на колено, скршен нос и психолошка траума.
12:00. Тренингот заврши. Камбјасо му се јавува на Антонио Конте за да ја разоткрие мистеријата околу неговата коса и да стави перика пред да излезе во град со Балотели и Арнаутовиќ.
12:30. Мунтари не може да јаде поради Рамазан, а Мајкон како добар колега пие 4 големи пива пред него и мртов ладен му вели дека ги нарачал од Алах.
13:00. Сантон се обидува да излезе од салата за ручек без да го изеде зеленчукот подготвен од шефот Мурињо, но не знае дека на врата ќе се удри од ѕидот Самуел и потоа ќе се врати на место.
14:00. Време е за попладневен одмор. Балотели станува од спиење, оди на тренинг каде нема никој и потоа се обидува да направи една посета кај поранешната девојка Рафаела Фико.
16:00. Кордоба следа на Малпенса. Официјално неговото патување е поради семејни причини, но вистината е друга. Лига на шампиони не се освојува така и потребен е малку поттик од кланот Ескобар.
17:00. По завршувањето на попладневниот тренинг фудбалерите го напуштаат тренинг центарот. Мурињо исцрпен си оди дома, но на местото на својот Мерцедес наоѓа ливче со порака: „Мистер, ќе ви ја вратам колата до 22 часот, Марко Арнаутовиќ“.
18:00. За да се врати дома, Мурињо мора да бара превоз од Горан Пандев, но Пунтото на Македонецот е повалкано од тоалетите на Сан Сиро и тој превоз е поризичен од тоа да те вози Наполитанец со мотор и шлем.
20:00. Занети влегува во базен за да го заврши денот релаксирано, а Мурињо си подготвува лесна вечера. Наеднаш му паѓа чинијата, но се појавува Жулио Цезар и ја фаќа со рефлекс на мачка.
22:00. Денот на фудбалерите на Интер полека завршува. Киву и Станковиќ не веруваат во бонусите кои им стојат во договорите и одат да украдат малку бакар од железничка. Матераци пред куќа ја чека сестра му на Зидан за да ја носи на вечера, а Мурињо ги затвора очите со една единствена мисла: „Ако ја освојам тројната круна со ваков тим, освен Special One , треба да добијам нобелова награда за спорт“.