Најдобрите 5 соочувања меѓу Федерер и Надал

Финале меѓу сестрите Вилијамс во женска и Федерер и Надал во машка конкуренција беше класика во тенисот ама пред 7-8 години. Ривалството на старите волци се враќа на сцена утре во 9 часот наутро по наше време. Заедно тежат 31 Гренд слем титула. Ќе биде многу интересно.

Маестро против матадор во досегашните меѓусебни дуели е 23:11 за Шпанецот. Во Гренд Слем титули води Федерер со 17:14. Нивните пресметки донесоа врвен и најатрактивен тенис за гледање во новата ера.
 
Се враќаат освежени и мотивирани по повредите кои ги мачеа минатата година, а во Мелбурн Парк последен пат се пресметаа во полуфиналето во 2014-та на кое победи Надал.
 
Последниот Гренд слем турнир Роже го освои на Вимблдон 2012-та, а Рафа на Франција опен 2014-та. Финалето на Австралија опен 2017-та ќе биде битка на возрасти, 35 против 30 години. Оваа историска пресметка може да биде последна за нив на големите турнири.
 
МАЈАМИ МАСТЕРС 2005 ФИНАЛЕ: Федерер vs Надал 3:2 (2-6 6-7(4) 7-6(5) 6-3 6-1)

„Тоа беше многу израмнет меч“, изјави Надал кој по водство од 2:0 падна и не успеа повторно да слави на тврдата подлога во Мајами каде триумфираше минатата година во нивното прво соочување. Федерер го сврти натпреварот играјќи брилијантен тенис.
„Навистина не очекував дека ќе се вратам“ рече Федерер по средбата која траеше 3 часа и 42 минути.
РОЛАНД ГАРОС 2011 ФИНАЛЕ: Надал vs Федерер 3:1 (7-5 7-6(3) 5-7 6-1)

Кралот на земја со 6 титули на Франција Опен против Федерер, по петти пат го пресмета Швајцарецот во Париз. Федерер во полуфиналето ја прекина серијата на Ѓоковиќ од 43 меча без пораз, но на омилениот терен на Надал немаше шанси. Во првиот сет водеше 5:2, но потоа падна и успеа да му го земе само третиот сет.
 
ВИМБЛДОН 2006 ФИНАЛЕ: Федерер vs Надал 3:1 (6-0 7-6(5) 6-7(2) 6-3)

Швајцарецот влезе на овој меч како трикратен првак на Вимлбдон каде стигна убедливо без загубен сет и во првиот сет не му даде да писне на Надал кој не успеа да добие ниту гем.
„Искрено не мислев дека ќе стигне до финалето и затоа му честитам за фантастичниот обид. Беше ужасно тесно и бев нервозен до крајот“, рече Федерер.
АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2009 ФИНАЛЕ: Надал vs Федерер 3:2 (7-5 3-6 7-6(3) 3-6 6-2)

„Господе, ме убива“, рече Федерер во борбата со солзи откако загуби трет пат во нивното четврто финале на големите турнири, на кое не успеа да го стигне Пит Сампрас со 14 Гранд слем титули.
Шпанецот кој тогаш беше број 1 во светот стана првиот од дуото кој победи на три површини, освојувајќи го шест месеци претходно Вимблдон каде во полуфинале играше 5 сета против Вердаско во меч од 5 часа.
 
ВИМБЛДОН 2008 ФИНАЛЕ: Надал vs Федерер 3:2 (6-4 6-4 6-7(5) 6-7(8) 9-7)

За овој меч нема потреба вовед. Во шестата нивна пресметка на финалињата на Гренд слем турнирите Надал како цар на глина, го совлада Федерер на трева и стигна до првиот трофеј на Вимлбдон во една од најатрактивните спортски доживувања.
 
Федерер беше во серија од 41 меч без пораз, но Надал стигна до трофејот за кој сонуваше од дете. Инаку мечот имаше две одложувања поради дожд.
28 јануари 2017 - 17:46