Нушу е слоговно писмо, многу поразлично од традиционалните кинески идеограми. Од 19-тиот век се користел за пишување на специфичниот дијалект кој го зборуваат луѓето од провинцијата Хунан во јужна Кина. Но го знаеле само жените.
Има повеќе причини зошто висок политичар би бил приморан да се откаже од привилегиите на својата функција, и тие најчесто имаат врска со пари или со секс скандали. Но има и ретки примери со кои не можеш а да не сочувствуваш, затоа што се за греота. Ова е еден од нив.
Прв роман на Барнс откако доби Букер во 2011 за „Ова личи на крај“, ова е далеку послабо дело, чија единствена добра страна е што, на додуша прилично емоционално воздржан начин, го опишува односот помеѓу уметникот и Моќта - таа „мачка што ги остри канџите од неговата душа“.
Ако е точно дека „една слика е илјада зборови“, тогаш и моќта таа да излаже е пропорционална на оваа математика. Ова е откриено прилично рано во историјата на фотографијата, а масовно се користи и денес.
Уште еден филм во трка за овогодишниот Оскар (покрај „Хоксоу Риџ“ за кого пишувавме тука) е правен според вистинска приказна. Овој пат за Афро-американките кои помогнале во тоа САД да ја освои вселената. Насловот - Hidden Figures - може да се преведе и како „скриени цифри“ и како „скриени ликови“. Сепак се одлучивме за првото, заради математичката конотација.
Хариет Лернер е опишана како „еден од најсаканите и најпочитувани експерти за врски во Америка“. Сега има нова книга која укажува на моќта на извинувањата, особено ако тие се направени како што треба.
Јан-Вернер Милер предава политика на Принстон. Во август минатата година објави нова книга во која во предвечерјето на победата на Трамп, и во ерата на подемот на популизмот, се обидува да објасни - што е точно тоа од што истовремено се плашиме, а под чие влијание сепак толку лесно потпаѓаме?
За празнициве со задоволство исчитавме нова книга на македонски автор. Четвртиот роман на Сашо Кокаланов, еден од авторите на сатиричната „Коза ностра“ и на серијата „Преспав“, чиј главен лик е неуспешен новинар кој менува професија во - детектив.
Пред неколку дена излезе книга посветена на вистинска приказна за најпознатата жена-детектив од Њујорк од 1917. Сто години по нејзиниот најпознат случај, авторот Брад Рика потсетува на оваа прониклива и храбра жена, првата регионална јавна обвинителка на САД.
Едно време ревносно се бележеа и цитираа последните изговорени зборови на големите умови. Од нашата епоха ќе останат еден куп последни СМС-и и пораки на чет. Токму ним им е посветена нова книга.
И кај нас има политички вртикапи кои ја менуваат нивната определба секогаш кога ќе проценат дека тоа им се исплати, вадејќи се на „развој“ на нивните убедувања, кои и не се баш убедливи. Оваа книга е за шестмина американски интелектуалци кои идеолошки свртеле од лево кон десно, a aвторот се обидува да сфати зошто, и како.
Направен според романот на добитникот на Нобеловата за книжевност, Португалецот Хозе Сарамаго, овој филм е дистописка алегорија за човечката состојба. Онаа во којашто се наоѓаме во моментов.
Дјук Елингтон во неговата автобиографија „Музиката ми е љубовница“ се пофалил дека е најдобриот слушател на музика на свет. И во ова има нешто - како што за да бидеш добар писател прво треба да научиш да читаш туѓи дела, така и за да создаваш музика треба да ги отвориш ушите. Така таа полесно стигнува и до срцето.
Не, претставувањево на книгава нема, или барем нема намерна врска со претстојните избори. Едноставно, по претставувањето на првата книга во серијава текстови, за тоа како да раководиш со нарко-картел, оваа ни изгледаше како логично продолжение.
Започнуваме серија во десет продолженија во која ќе ви ги претставиме најиновативните, најинтересните и најзначајните книги од различни жанрови и области во годината која полека изминува. Започнуваме со една прилично практична тема - како, ако баш решите, да создадете нарко-картел.
Никогаш не доби Нобел за нив, но Кеш освен снимените песни во тек на неговата петдецениска кариера напишал и куп стихови кои не доживеале (или не ни требало) да бидат придружени со музика. Сега се објавени во нова книга.
Болничарот Крис Порс (Chris Porsz) олабавувајќи се од стресот на работа во 70-тите и 80-тите киснел на улиците на Петерборо, Англија, сликајќи ги панкерите, полицајците, љубовниците и тинејџерите. Скоро четири децении подоцна тој се враќа во градот и ги слика истите луѓе. Ефектот на „пред“ и „потоа“ е одличен.
Човечката коса е чудна материја, истовремено и отпад и скапоцен производ. На местото каде паднало само едно влакно од главата на Буда е изградена златна пагода - ама ако најдете едно влакно во јадењето, тоа е грозно. Перчиња коса се чуваат и како спомен од бебиња, и како реликвија од умрени. Без оглед дали е фетиш или суровина, косата раскажува многу приказни.
Човекот кој гастрономски го прошета цел свет, од пустини, воени зони до забутани села и маалски кафани, конечно се скраси дома. Неговата нова книга е посветена на рецепти кои ги подготвува за неговата 9-годишна ќерка.
Статистиката на блогот на Нeнад на порталот Аll About Jazz вели дека тој до сега има објавено 197 осврти за албуми и 124 други статии, од рецензии на книги и филмови, преку интервјуа, до репортажи од живи настапи. Конечно дел од сето тоа е достапно на македонски, во форма на книга.
Една од Иг наградите оваа година отиде кај луѓе кои за истражувачки цели се обидоа да живеат како животни. За едниот, човекот-прч пишувавме тука. Но не знаевме дека има уште еден кој живеел не како едно, туку како пет животни. Неговата книга се вика „Живеејќи како ѕвер“.
Ако напишеш книга во која твој здрав и жив колега треба да биде убиен, можеш да очекуваш дека тоа нема да биде сфатено како добра финта. Особено ако претходно сте се р’чкале.
Прво мислевме дека е зафрканција, ама излезе стварно - пред скоро 150 години анонимен автор ја објавил „Чудниот Трамп“ (The Odd Trump), роман чиј главен јунак се вика Трампли Вејлс (скратено - Трамп). А најинтересно е името на ликот со кого тој постојано се расправа.