Бордејн напиша готвач инспириран од ќерка му

Човекот кој гастрономски го прошета цел свет, од пустини, воени зони до забутани села и маалски кафани, конечно се скраси дома. Неговата нова книга е посветена на рецепти кои ги подготвува за неговата 9-годишна ќерка.

„Апетити“, како што е насловот на книгата, главно се однесува на бургери, макарони со сирење, корејска храна и, според изричната желба на малата Аријана, вклучува и рецепт за рататуи.

Бордејн сакал таа да го отсликува неговиот живот во изминатите години како татко, спротивно на идејата дека како професионалец треба да се обидува да заведе некого со убави слики и храна која се разликува од сето останато на менијата на другите готвачи. Стилот е „чист“, искрен, лежерен, што го поттикнува читателот и тој така да пристапи на готвењето. Повеќето готвачи, според Бордејн, сакаат кога ќе излезат на вечера да не мислат на аналитички начин за она што го јадат, туку да ја искусат храната исто како што тоа го правеле како деца, на емоционален начин. На пример вкусот на топлата супа која мајка им им ја подготвила оној ден кога се вратиле измалтретирани од школо, кога храната била утеха и лек.

За разлика од неговата книга „Доверливо од кујната“ (за којашто пишувавме тука), која ја пишувал станувајќи во пет наутро и само еден час дневно, за потоа да се занимава со „вистинска“ работа, сега тој бил пораат во пишувањето. А и не морал да јаде мувлосана ајкула или во аеродромски ресторан, за таков, изложен на хигиенски и други опасности, да биде интересен. Доволна мотивација била ќерка му, и желбата да се напише „нормален“ готвач, негов прв по десетгодишна пауза.

28 октомври 2016 - 17:04