Иако тврдеше дека најлошото ќе биде во декември 2021 година, милијардерот од Микрософт има нова проценка: дека можеби ништо не е готово и дека тековната пандемија може да изнедри уште позаразна и посмртоносна варијанта на коронавирус.
Е, a тогаш доаѓа педесеттиот. И прашањето: каде сум сега, во која доба сум? Се чувствувам како заробен во временска замка. Премногу стар за да бидам млад, и премногу млад за да бидам мудар.
„Како помлад често зборуваше за постерите од Бразилецот Роналдо кои ги имал на ѕидовите во детската соба и за Златната топка“, вели новинарот Арно Рамсаи, биограф на книгите за Анелка и Јури Џоркаеф.
Леонид Станиславски е бегалец од Украина. Тој од својот роден Харков морал да избега во Полска а таму макар малку успеала да го расположи најдобрата полска тенисерка Агњешка Радвањска.
Човекот чиј однос стана патоказ за Западното однесување кон Кина во јули 1971 престојуваше во резиденција на кинеската влада, каде дискутираше филозофија со кинескиот премиер Џоу Енлај. Од тогаш Западот нема престанато да и се извинува на Кина.
Има сè помалку реални причини да стравуваме од коронавирусот. Но, стравот во меѓувреме стана наше дифолтно подесување. Како што викаше американскиот претседател Рузвелт, следната наша битка е со самиот страв.
Мохамед е најчестото име што им било давано на новороденчињата во Брисел (регионот) во 2021. На општо изненадување меѓу топ 4-те имиња има и едно традиционално белгиско - Жан.
После арапски, руски и американски бизнисмени, во англиската Премиер лига последни влегуваат еден чешки гигант од Брно и еден српски милијардер од Крагјуевац.
Магазинот вади дел од подкаст од пред еден месец во кој Џон Стујарт маалски со колеги зборува за Хари Потер, и тоа го пакува под насловот „Џон Стујарт ја обвинува Џ.К. Роулинг за анти-семитизам“. Стујарт реагира на ова со порака до Њузвик: „гзот да ми го јадете.“
Добивам подбрадок како на мисирка и лицето не ми е убаво како некогаш, вели во интервју за Гардијан никогаш убавиот Шејн МекГауен, кој, сепак, би сакал да биде глумен од - Леонардо Ди Каприо. Лошо спие, не му е гајле како ќе биде запамтен ама нејќе кога од публика ќе му добацат дека е дебел.
Хозе Хуан Фигеирас Гарсија, познат како Хозе Хуан во една календарска година, 2021-ва може да се пофали дека бил дел од тимот на третолигашот Алкојано кој направи првокласна сензација во јануари кога со 2-1 го совлада Реал Мадрид во рана фаза од шпанскиот Куп, па ги кутна уште и Уеска, Атлетик Билбао и сега последно прволигашот Леванте.
Само според официјалната книга на посетители, педофилот Џефри Епстин 17 пати бил во Белата куќа само за време на првиот мандат на Бил Клинтон, од кои во најмалку три случаи по два пати во ист ден.
На денешен ден, 3. декември во 1994-та година јапонскиот гигант Sony за првпат го пушти во продажба првото издание на PlayStation. Ова беше прва конзола од серијата и влезе во игра како голем конкурент на моќните Sega и Nintendo. 27 години подоцна светот е многу изменет но секогаш ќе се сеќава на првото издание на Сони Плејстејшн.
Ново голчиште и нов ветерански рекорд на неуморниот Златан Ибрахимовиќ кој стигна до шести гол сезонава на девет настапи. Внимавајте добро на новиот рекорд кој вели вака: Има 31 постигнат гол во Серија А, откако наполнил 38 години, заедно со Силвио Пиола.
Во разговор со Алдо Кацуло од Кориере Дела Сера, Златан Ибрахимовиќ опфати неколку теми меѓу кои и неговата нова биографска книга „Адреналин“ пишана во соработка со италијанскиот новинар Луиџи Гарландо.
Франс Фудбал на буквално неколку часа пред свечената церемонија за доделување награди за најдобрите фудбалери во изминатата 2021-ва воведе нова награда - пазете: за најдобар напаѓач со која сакаше колку толку да го обели образот што главната награда Златна топка не оди кај најзаслужниот за неа. Не стигнале на време да организираат награда за најдобар играч од среден ред и најдобар дефанзивец на годината.
Задачата на Фејсбук е што е можно повеќе да ги подели општествата и народите низ светот, не затоа што е зол и тоа му е првична цел, туку затоа што едноставно така најмногу се прават пари.
Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, а секогаш е интересен и привлечен за јавноста поради невообичаеното однесување и смешните изјави.
Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, реши долгиот животен пат до славата да го раскаже во книга, која тежи 230 страници. Вели дека ќе прочитаме работи кои до сега не сме ги чуле за него. Збор два на промоцијата доби и брат му.