Кога Златан Ибрахимовиќ носел нов кревет по улица со татко му зошто немале за достава

Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, а секогаш е интересен и привлечен за јавноста поради невообичаеното однесување и смешните изјави.

Ибрахимовиќ игра за Милан и во својата 41. година. Сезонава има 3 гола на 6 настапи во Серија А и 2 натпревари одигра во Лига на шампиони. Неодамна на социјалните мрежи кружеше негова фотографија од раната младост, кога играл за шведски Малме каде што е роден и растен.

Ибрахимовиќ има корени од Балканот. Мајка му Јурка Гравиќ е родена во селото Пркос, во близина на Задар во Хрватска, покрај одморалиштето Надин на автопатот А1. Тако му Шефик од родната Бјелина во Шведска стигнал во 1977-ма година и со мајка му на Златан се запознале во Малме каде двајцата емигрирале.

Мајка му за живеачка заработувала како хигиеничарка, а проблеми во семејството извесно време правел алкохолизмот со кој се борел Шефик. Поради големи невољи, мајка му Јурка решила да се остави од сопругот кога Златан имал само две години.

Растел во населбата Росенгард, една од најопасните во Малме, позната како гето и маало на доселеници од разни краеви на светот, од Сирија, па сè до Балканот.

Ибра ште од мал живеел во најозлогласениот блок каде тепачки и инциденти биле секојдневница. Не само што се тепал редовно, туку и крадел чоколада, сликички, велосипеди, па и коли.

„Кога нешто ми требаше, не одев да купам во дуќан, туку да украдам во дуќан“, раскажал еднаш Ибра во интервју за БиБиСи.

Не секогаш имал пари при себе, па дури и кога потпораснал. Еднаш раскажал анегдота дека кога едвај собрале пари за кревет, немале за достава, па со татко му Шефик го м’кнеле новиот кревет по улиците на Малме, со неколку попатни паузи за одмор.

„Еднаш на поштарот му го украдов точакот. А после точак му украдов и на својот фудбалски тренер, па не ми се одеше пешки пет километри од тренинг дома. Можеше да ме избрка од клубот ама не го направи тоа“, се сеќава Ибракадабра.

Додека растел во Шведска, на просторите на екс-Ју беснееше граѓанска војна. Во својата автобиографија Ибрахимовиќ пишува дека никогаш не му било важно кој е што и која религија е. Баба му загинала во едно бомбардирање во војната.

„Војната беше чудна работа. Не знаев ништо за неа. Не ми беше јасно зошто мајка ми и сестра ми се облечени во црно едно време. Тоа беше поради баба ми која загина во едно бомбардирање во Хрватска. Сите беа тажни освен мене, а мене ми беше гајле дали некој е Србин, Бошњак или што и да е“, пишува Златан во својата книга.

Класната во основно школо добро го памети пргавиот Ибра:

„Повеќе од три децении работам во школово, а нео го памтам како најлошиот ученик на сите времиња! Беше проблематичен, она дете на кое му е судено да заврши трагично“, рекла еднаш таа.

А Ибра веќе од 18 години стана фантастичен фудбалер пред кого следеше неверојатна кариера ширум Европа.

„Да не сум фудбалер, би бил УФЦ борец или лопов“, вели 41-годишниот Ибрахимовиќ кој одново доби повик да игра за репрезентацијата на Шведска во квалификациите за Светско првенство 2022.

Низ животот имал среќни, но и многу тажни, потресни моменти како на пример кога му починал полубратот Сапко Ибрахимовиќ.

Со семејството живее на релација Милано - Стокхолм, а сега следен предизвик му е со Шведска да обезбеди пласман на уште едно Светско првенство.

9 ноември 2021 - 15:46