Се сеќавате ли на Алиреза Бејранванд, голманот на Иран кој стана хит откако успеа да му фати пенал на Роналдо на Мундијалот во Русија? Реми им извадија во групна фаза со гол во 93-та минута.
Пред пет години Бејранванд направи подвиг кој му нема успеано на ниту еден друг голман во историјата на фудбалот. Му ја подаде топката со рака на соиграч, исфрлајќи ја во должина од 61 метар.
Или во превод од работ на својот шеснаесетник преку центар, па се до половината на противникот. Снимка која го обиколи фудбалскиот свет.
Потегот му е конечно уважен и признат како рекорд, а тоа го потврди неговиот клуб Боависта, каде брани како позајмен играч. Португалскиот прволигаш се пофали дека Алиреза и официјално е дел од Гинисовата книга на рекорди.
„Најдолгото фрлање на фудбалска топка во натпреварувачки натпревар е 61 метар 26 мм и го постигна Алиреза Бејранванда, кој бранеше за Иран на мечот против Јужна Кореја на стадионот „Азади“ во Техеран на 11 октомври 2016 година“, пишува на плакетата.
𝗚𝗨𝗜𝗡𝗡𝗘𝗦𝗦 𝗪𝗢𝗥𝗟𝗗 𝗥𝗘𝗖𝗢𝗥𝗗𝗦 here we go! 🔥👑
— Boavista FC (@boavistaoficial) November 25, 2021
Parabéns, Alireza Biranvand! 👏
🇮🇷 رکورد جهانی در کتاب گینس
تبریک علیرضا بیرانوند عزیز 🙌
🔗 https://t.co/6xFtINmY5C#BoavistaFC #AlirezaBiranvand #GuinnessWorldRecords #OrgulhoAxadrezado pic.twitter.com/o90hCA0t5t
Инаку иранскиот голман е прв во историјата кој успеал да му одбрани пенал на португалски играч на Светските првенства.
Роден е во номадско семејство кое шетало низ во потрага по пасишта за своите овци.
Приказната за него тука.