Ќе ве изненади потегов од последното коло во португалското првенство и ќе ве врати на детството. Ова се правеше кога сакаш да се мајтапиш или да го нервираш противникот, а се случи на мечот Боависта - Рио Аве 0:2.
На дуелот Авеш - Боавишта од португалското првенство, гостите примија гол наводно од офсајд а кога судијата реши да се консултира со ВАР имаше што да види.
Стефан Спарања од Боависта толку многу се ушепртља што успеа место топката да влезе во гол. Ова негово промашување на годината во Португалија влијаеше и на резултатот. Неговиот тим загуби 3:2 на гости против Тондела.