Мохамед, колку бриселски тоа звучи

Мохамед е најчестото име што им било давано на новороденчињата во Брисел (регионот) во 2021. На општо изненадување меѓу топ 4-те имиња има и едно традиционално белгиско - Жан.

Првата позиција меѓу новите машки имиња заведени во бриселската книга на родени Мохамед ја држи со повеќе од два пати поголема разлика од второпласираниот Жан. Оваа разлика во реалност е три пати поголема бидејќи трето име по популарност во Брисел било Мохаммед (со две м).

Четврто пласирано машко име на шалтерите за новороденчиња во Брисел во 2021 бил Ахмет. До крајот на топ 10, во Брисел, сите се староседелските имиња како Филип, Мишел, Давид, Пјер, Николас, Даниел.

Во топ 10-те најчести имиња за машки во Брисел во 2021 има вкупно 52.268 новороденчиња во Брисел, од кои 43% добиле традиционални муслимански имиња.

Кај девојчињата во Брисел, работите стојат побелгиски, па само Фатима (на 3-то место) е во топ 10-те.

На ниво на Белгија популарноста на муслиманските имиња е помалку изразена, па првото место го освојува Жан, а Мухамед, во верзија со едно „м“, е на 9-то место. Меѓу топ 10-те нема ни едно друго „нетрадиционално“ име.

 

13 јануари 2022 - 10:57