- Таканаречените „проверувачи на факти“ бараат од некој како мене со децениски стаж во антивоеното движење и книга со антивоени есеи одново и одново да се колне дека е против (и) оваа војна. Трипати дневно, и со задолжително знаменце на ФБ-профилот. Имплицитниот императив е фаќање страна, небаре сме во криза со „Информбирото“: дали си за Тито или Сталин е заменето со дали си за НАТО/Украина или Путин.
- Обичните луѓе знаат какви страдања следуваат кога тие на врвот играат шах и воени игри. Но мировното движење исчезна како дожд во пустина. Светот остана нем и индиферентен пред сите злосторства, од секојдневните во Палестина и Јемен до употребата на белиот фосфор во Басра, тортурата во Абу Граиб и Гвантанамо, враќањето на Либија во камена доба, уништувањето на музејот на Вавилон, Палмира и Дамаск итн. Асанж ги разоткри злосторствата и за тоа лежи во лондонски затвор, додека Тони Блер стана витез.
- Меѓународното право, или она што постоеше од него, умре во 1999 година, кога суверена земја беше нападната без одобрение на Советот за безбедност. Тоа беше точката на пресврт, а беше само прашање на време кога тој (божем) преседан од „хуманитарна интервенција“ ќе стане правило што ќе го користат големите сили. Се нанижаа „преседани“, кои сега ги (зло)употребува Русија.
- Претседателот на Израел, Исак Херцог, најави дека ќе му го довери мандатот за формирање нова коалициска влада на опозицискиот лидер Гади Ајзенкот.
- Ни неговата (48 пратеници) ни партијата на Нетанјаху и неговите ултрадесничарски сојузници (53 пратеници) имаат доволно за влада но Херцог се решил на ваков потег откако лидерите на арапските партии најавиле дека поддршка би му дале на Ајзенкот.
- Досега сите израелски влади биле коалициони. Сегашниот распоред на силите се должи на рекордната излезност на арапските гласачи кои обезбедија 19 пратенички места.
- Ајзенкот е поранешен началник на армискиот Генералштаб и нема да му е лесно да создаде мнозинство со оглед на тоа што сите освен една еврејска партија, пред изборите се обврзаа дека нема да соработуваат со арапските коалиции за формирање влада.
- Четири жени и двајца мажи се мртви, најмалку 16 лица ранети (петмина странски државјани) а 12 од повредените се во критична или сериозна состојба.
- Тоа е моменталниот биланс од вчерашното рандом пукање во Краков од автомобил во движење кое го извел Пољак од дваесетина и нешто години пред да биде совладан од полицијата.
- Три дополнителни тела подоцна се најдени во куќата на осомничениот, се верува дека тоа се членови на неговото семејство, обелодени премиерот Доналд Туск.
- Мотивот на крвавиот пир сè уште е непознат а првичните сознанија упатуваат дека убиецот имал „многу радикални ставови.“
- Неговиот обид за бегство заврши со судар и размена на оган со полицајците. Еден од нив, и самиот ранет, го пука од блиску но во моментов не е јавено дека идиотот е мртов.