Станиславски (98) е најстариот активен тенисер запишан и во Гинисовата книга на рекорди.
Леонид Станиславски и Радвањска одиграле неколку размени а тој скратен ревијален меч завршил нерешено. Полската тенисерка која во еден момент беше втора на светската ранг листа му подарила на 98-годишниот Леонид тениски рекети и албум со фотографии од нејзините најуспешни моменти во кариерата.
„Воодушевена сум од тоа што бев со господинот Леонид, секако, со борбата која ја води неговата нација, како и со неговиот став и волја да живее, да се занимава со спорт и да биде активен. Во негови години да се биде во ваква форма, да се игра тенис, е навистина многу голем предизвик, така што ми беше задоволство што играв со господин Леонид“.
Интересно, Станиславски на времето на терен играл ревијални натпревари и со други големи тенисери меѓу кои и со Рафа Надал.
Тој рекол дека има желба да игра со кремот на денешниот полски тенис како и со Ига Швјонтек која од денес (понеделник) е број 1 тенисерка на светот. Собраните средства до хуманитарниот меч ќе бидат донирани за помош на децата погодени од војната во Украина.