Во статија за TheCut, како што пренесува Диет Прада, Емили Ратајковски се отвора околу враќањето на нејзиниот имиџ во сопствени раце, во индустрија каде што доминираат мажи фотографи.
Три лаги што ги кажувам периодов: Дека не сум излегла од дома (сум); Дека секаде носам маска (не е точно); „Дека сум среќна што имам привилегија да седам дома (понекогаш сум мизерна).
Го знаете оној момент кога дотрчуваат во лелеави фустани, како облечени само за очите на главниот (машки) лик, кој патем е и алтер-его на авторот, па пропратно и секоја жена што ќе помине „гази како нежна срна, чии гради потскокнуваат со секое движење на колковите“? Е па, тоа, ама обратно.
LGBT се претвори во LGBTQQIP2SA и станува малку глупо. За магазинот Спајкд, комичарот Ендру Дојл пишува колумна каде што јавно предупредува дека со буквите и борбата се претера, во превод - еднаквост е супер, ама кај тргнавте со поеднаквоста? И не се работи за тоа дека ЛГБТитн сакаат да бидат поеднакви од стрејт популацијата, туку дека буквите почнаа да се натпаметуваат меѓу себе. И има кој да го искористи тоа.
Српскиот Твитер (а со тоа и македонскиот) излуде од еден секојдневен инцидент на силна инфуленсерка што на ресторан му понудила соработка (читај: бесплатен оброк за Инстаграм-стори), и скоро па бесно била одбиена. Повеќето го бранат ресторанот, неколку ја бранат нејзе. А во средина стои прашањето - што прави Балканот во однос на многу реалното постоење на инфлуенсерскиот маркетинг?
За човекот што го алармираше комплетното човештво за начините на кои владите упорно нè следат и прислушуваат, овие неколку години азил во Русија беа прилично даровни, и тоа до сума од 1,2 милиони долари.
Со децении се романтизира парижанката како гламурозна без напор, но авторката Линдзи Трамута во нејзината книга „Новата парижанка“ нишани на она што ѝ се чини штетно во тој мит.
Рецептите се магични - спомени од детството посебно знаат да те обземат преку вкус. Можеби е рецепт на прабаба ти донесен од некој стар крај и те потсетува на семејни ручеци. Или нешто што баш мајка ти го има измислено и никој не прави такво. И без разлика што овие рецепти се нишка во платното на едно семејно наследство, да се зачува секоја состојка и мерка е тешко. Тогаш, како да се биде сигурен дека семејните рецепти ќе се пренесат на следните генерации кои ќе ги ценат и ќе ги однесат во некој нов век?
Во 1463, Лондон ги забранува чевлите на неговите најфенси мажи. Овие дотеранки господа почнале да претеруваат во својата дотераност и по улица шетале во долгнавести чевли со форма на морков. Се викале „кракови“ или „пулени“ и кралот Едвард IV во еден момент толку многу се навредил од нивниот глуп изглед што донел цел закон да не смеат да се носат чевли чии врвови се подолги од 5 цм после прстите.
Арсенијевиќ е писател, панкер, најмлад добитник на НИН-овата награда за најдобар роман (и тоа за неговата прва книга „Во потпалубата“, 1994), основач на книжевниот фестивал Крокодил, денес пишува колумни и есеи... „Секогаш ќе имаме лидер со набабрено его и куп лигуши околу него“, вели во интервју за Време.
Мајкл Шаленбергер е повеќедецениски климатски активист и познавач на енергетските трендови кого магазинот Тајм го има прогласено за „Херој на човековата околина.“ Сведочи за неговото непријатно искуство во американскиот Конгрес, кога, штом скршнал од очекуваните наративи ( а тоа значи безусловно навивање за обновливи енергии и ништо друго), веднаш му бил одземен зборот и бил нападнат дека му е до пари.
Во исто време кога во декември 1989 Германците од Истокот беа собрани пред штабот на Штази во Дрезден, „пријателите“ на Штази од КГБ Дрезден, сместени во блиската вила, франатично се трудеа да запалат што е можно повеќе од својата документација. „Толку многу работи запаливме, што печката експлодира,“ подоцна ќе раскаже еден од КГБ офицерите присутни во вилата, а денес руски претседател, Владимир Путин.
„За многумина, принцезата Маргарет беше црната овца во нејзината кралска генерација. Но таа репутација не ѝ пречеше којзнае колку,“ пишува во нејзиниот некролог во Њујорк Тајмс.
Нешто многу си дозволуваат луѓе да кажуваат што смее, што не смее. Ред е да се разбереме околу дозволени и недозволени работи и еднаш засекогаш да разграничиме што е во ред, а што не. Малку е поразително што мора ова да се повторува, ама па кога ќе се излае некој јавно како е нешто неприфатливо (затоа што му го вреѓа префинетиот вкус, уредно одгледуван со години во неговата детска соба), ај.
Тања Хенеси е комичарка, Јутјуберка и од пред неколку месеци - писателка. На нејзиниот канал исмева глупи прашања, глупи луѓе и глупи ситуации, меѓу другото. А на Фејсбук, објави реферат на тема - прашање што не треба веќе да се поставува - затоа што нервира, некултурно е и тотално непотребно.
Kако што овдешните Шaрени се рајцаа на Алински (види: Сол Алински: Правила за радикали), за Блек Лајвс метер и таканареченото анти-расистичко движење манифестна книга е „Белата кршливост“ која стана апсолутен бест-селер на Амазон. „Од овие што ја воспеваат, ја има некој читано оваа луда книга?“, не може да се изначуди Мат Таиби.
Мери Л. Трамп му е внука на Доналд од постариот брат Фред, и Мери многу сака на цел свет да му каже какво ѓубре е чичко и, само што веројатно нема да може затоа што од тоа се откажала уште пред 20 години.
После хаосот што настана откако Џ. К. Роулинг се осмели да каже дека „само жени имаат менструација“, а сите деца што глумеа во Хари Потер јавно изразија контра-мислење, актерот Лоренс Фокс има нешто да каже.
Пред да си речете „Хаха, демек да го трујам.“ - не. Сте чуле за Лајсол? На западниот свет му е гоу-ту средство за дезинфекција, како ние денес со Доместос, да речеме. И на времето маркетингот му бил наменет за жени чии што сопрузи не се прибираат дома, па се распаѓаат бракови - со предлог. Предлогот? Замиј се со Лајсол, ќе видиш како одма пак ќе те засака.