Твитер-нишка на една библиотекарка

…Што потсетува дека Твитер има и свои фини моменти. Работи во библиотека со години и решава да раскаже што научила. 

Што научив за луѓето работејќи во библиотека:

1. Огромен број на луѓе под 20 години не знаат да читаат аналоген часовник затоа што пораснале само со дигитален.

2. Многу луѓе не знаат ни да спелуваат „library“. Во и-мејл адреса ни е. Ова прави проблеми.

3. Вознемирувачки број на луѓе не знаат како функционира позајмување книги. Мислат дека чини пари. Научете си ги децата како функционираат библиотеки!

4. Крими и трилер се главно една иста работа во повеќето случаи.

5. Луѓето користат тајни кодови или ѕвездички да означат кои книги ги прочитале. Ве молам немојте! Системот во компјутер ќе каже дали веќе сте ја позајмиле книгата! Прашајте.

6. Ако се расипе автоматска врата, луѓето ќе „влезат“ во неа, без да го забележат предупредувањето.

7. Библиотеките се дар од Господ за слепи и глуви луѓе. Можат да влезат, да побараат помош со пополнување формулари или да прашаат за правец.

8. Некои стари луѓе читаат застрашувачки брзо. Треба да им се плашиме и да ги почитуваме.

9. Некои се плашат од компјутери толку многу, што ќе дојдат да те прашаат нешто и се вознемируваат кога сакаш да побараш на компјутер наместо во книга.

10. Некои никогаш, никогаш не користеле телефон. Особено постари жени. Сопругот им го бркал тоа.

11. Повеќето банки претпоставуваат дека сега сите имаат мејл.

12. Библиотекарите се добри луѓе. Ова го правиме затоа што ни е пасија. Мора да ни биде.

13. Библиотеките веќе не се тивки. Стануваат места за средби. Може да имаат тивки делови, но главно има секакви активности. Часови за деца, пеење, групи за меморија за луѓе со деменција, бучна канцелариска опрема - не очекувајте тишина.

14. Библиотеките се ретко место каде што можете да поминете часови во јавна зграда, без да се очекува да платите. Родители доаѓаат да занимаваат деца кога врне, сиромашни доаѓаат да поседат на топло. Библиотеките се засолништа.

15. Некои луѓе цел живот ќе го поминат читајќи само 2-3 автори и пак ќе имаат доволно за читање секој месец (Даниела Стил, Џејмс Патерсон, Клајв Каслер, итн.).

16. Библиотеката живее преку вработените. Може да имаш најмногу средства, сите книги и цела технологија на свет, ама луѓе ќе има само ако вложиш натчовечки напори. Понекогаш ни тоа не функционира и многу е фрустрирачки.

17. И средствата ги добиваме според број на членови. Сум видела како вработени плачат затоа што некоја младинска група напуштила и се одлучила за некој приватен простор што е пофенси затоа што има кафич. Потребен ни е секој член.

18. Вработените се убиваат од работење на настани, часови и групи, само за на крај да ги изгубат затоа што локалните совети не разбираат социјални мрежи или сакаат да наплатат за тоа. Не можам доволно да истакнам колку многу работи прават вработените, без да бидат платени за тоа.

19. Се работи затоа што вработените даваат пари од џеб. Мојата менаџерка купи нов ламинатор кога не можевме да си дозволиме. Купува и боици за деца. Некогаш си носиме сопствен канцелариски прибор. Знаеме и сијалица да купиме.

20. Идејата за „секси библиотекарка“ има направено многу проблеми и безброј инциденти на сексуален напад од страна на мажи што не ја разбираат разликата меѓу порно и реалност.

21. Бабите ги држат библиотеките отворени. Баби што читаат се најјаки. Баби што можат да ти кажат точно на која страна е најкрвавото убиство се нај најјаки.

22. Библиотекарите СЕКОГАШ сакаат да знаат дали ти се допаднала книгата. Сакаат да знаат дали да ја препорачуваат.

23. Обожавам парови што доаѓаат во библиотека и се закачаат околу вкусовите за книги или споделуваат книга, па се караат околу темата.

24. Обожавам и аутистични деца со специфични интереси. Има цел ден да ти барам книга за тој одреден тип на возови, дете. Ќе те слушам како ми раскажуваш во детали. Ќе пробам и да запамтам за следниот пат кога ќе дојдеш.

25. Омилен момент ми е кога член ќе порасне и ќе се префрли од книги за млади на книги за возрасни - и одеднаш цела библиотека му е на располагање. Не е само таа една полица со тинејџерски книги. Сите класици! Научна фантастика! Хорор! Често не ни знаат што ги снашло.

26. И на крај, затоа што доволно ве спамував и веќе почнав да грешам, запаметете:

Библиотекарите можат многу да истрпат, ама книжевните богови нека ви се напомош ако ни одземете кофеин. Не сакате да видите што се случува тогаш.

@grumpywitch

22 јуни 2020 - 02:49