Прашањето што мора да престанеме да го поставуваме:

Да ви е живо и здраво, кога второ?

Тања Хенеси е комичарка, Јутјуберка и од пред неколку месеци - писателка. На нејзиниот канал исмева глупи прашања, глупи луѓе и глупи ситуации, меѓу другото. А на Фејсбук, објави реферат на тема - прашање што не треба веќе да се поставува - затоа што нервира, некултурно е и тотално непотребно.

„Ако уште некој ми го постави прашањево - ќе вриштам. Без разлика кај сум. Ирационално ќе се дерам, ќе го соблечам прслукот и ќе го истепам со него тој што ме прашал и ќе одам да плачам во кола.

Знам дека не сум единствена на која ѝ е смачено прашањево. Прашањето секогаш варира, ама сентиментот е тој.

Постојано им го поставуваат на другарки што штотуку родиле - значи во моментот. Едвај излегло од матка, уште има папочна врвка и луѓето викаат - кога второ?

КАКО МИСЛИШ?

САМО што го родив ова. Уште нема ни име, а јас морам да мислам на второ? А животов што го создадов? Па, прејака сум! Зошто веднаш да прашаме што е следно наместо да зборуваме за тоа што е тука? Исто така, што ако не можам да имам второ? Што ако не сакам? Зошто е тоа нечија работа?

Се случува и кога ќе се омажиш. И тоа многу често, луѓето не можат да се воздржат. Дури и на САМАТА СВАДБА, ќе прашаат - што е следно? Кога ќе имате деца? Значи, само што се омажив! Може да го славиме и да го цениме ОВОЈ момент? Ни торта не сме поделиле!

Само што напишав книга, и луѓето почнуваат… што е следно? Вакво прашање добив само што се испечати. Не беше ни на продажба уште. Збеснав. Девојче. Само што напишав книга. Може ли да го цениме тоа малку? Едвај сум писмена, а напишав книга.

Дозволете луѓето да поуживаат во моментот!

Ужас е. Не знам зошто сме такви. Затоа што, искрено, и јас вака правам. Дали е ова човечки инстинкт, човечка состојба? Не можеме да смислиме доволно разговор?

Мислам дека е некаква оставштина од родителите, фрази што сме ги научиле и што ги кажуваме несвесно.

Не знам. Ама знам дека мора да престанеме, затоа што тоа одзема од моментот што сме дошле да го прославиме. Нема ништо сегашно во прашување што е следно и неценење на моментот во кој се наоѓаме. И после не знаеме зошто живееме во свет каде што сме толку анксиозни цело време?

Да прашаш „што е следно“ некако на човекот, или на сите инволвирани им кажува дека ова што го прават не е доволно. Не сум и јас некоја битна, ама да ви кажам.

И повеќе од доволни сте.

И затоа, следниот пат кога ќе ви текне на прашањево - немојте.“

-Тања Хенеси

Уште од нејзе:

Сите глупости што ги слушаат луѓе со тетоважи
Романтики со инфлуенсер
Ова си ти кога сакаш да ставиш туш на очи
Што правиш на 18, а што на 30 години

30 јуни 2020 - 11:51