Време е за нови херои:

11 неверојатни приказни за принцезата Маргарет

„За многумина, принцезата Маргарет беше црната овца во нејзината кралска генерација. Но таа репутација не ѝ пречеше којзнае колку,“ пишува во нејзиниот некролог во Њујорк Тајмс.

Според биографот Тео Аронсон, еднаш на Жан Кокто му рекла: „Непослушноста ми е радост.“ И навистина изгледа било така за помладата сестра на кралицата, која во нејзиниот живот од 71 година имала многу комплициран карактер. Пушела, пиела, имала афера со 17 години помлад маж. И како резултат на сето ова, има еден куп шарени анегдоти за нејзе. Почина во 2002 и истиот ден, Британската монархија стана за нијанса поздодевна.

Сега, благодарение на серијата „Круната“, цела нова генерација може да се внесе во (сепак исфилуваните) приказни за нејзе - како кога позирала со тијара во када, или за однапред осудената романса со капетанот Питер Таунсенд.

1. Чековите ги потпишувала со Маргарет. Ни титула, ни презиме. Само Маргарет.

2. Имала луксузна - и неверојатна - утринска рутина. Почнувала со појадок во кревет во 9 часот, па два часа лежење во кревет и слушање радио, читање весници (и фрлање по под) и пушење цигара врз цигара. Во 12:30 доаѓало време за посериозно будење со водка.

3. Кога им било здодевно на вечера, со нејзиниот сопруг Ентони Армстронг-Џонс, играле „игра со леб“. Секогаш кога некој ќе кажел нешто клише, или таа или тој кинеле парче леб и го ставале на средина на масата. До крајот на вечерта, кој имал искинато најмногу парчиња победувал.

4. Кога Армстронг-Џонс побарал развод од неговата веќе отуѓена жена, приватниот секретар на Маргарет морал да ѝ ја пренесе веста преку телефон. Принцезата одговорила: „Ти благодарам, Најџел. Мислам дека ова се најдобрите вести што си ми ги соопштил.“

5. Кралскиот протокол диктирал дека вечерата не смеела да почне пред таа да пристигне, што било проблем затоа што знаела да многу да доцни. Во една книга, Love From Nancy: The Letters of Nancy Mitford, колекција од писма, пишува: „Вечерата беше во 8.30 и во 8.30 дојде фризерот на Маргарет, па со часови чекавме да ѝ направи една грозна фризура.“

6. Мразела верверички. Толку многу ги мразела што кога видела жена како ги храни во парк, се приближила и почнала да ги мава со чадор.

7. Реакциите ѝ се легендарни - и често сурови. Кога ја запознала Твиги на една вечера, ѝ рекла, „Ти која си?“ Твиги одговорила, „Јас сум Лесли Хорнби, госпоѓо, но луѓето ме викаат Твиги.“ Маргарет одговара, „Колку несреќно.“

8. Дали имала афера со Мик Џегер? Тоа уште се дебатира, но самиот факт што постојат гласини за тоа е импресивен. Како и тврдењата дека Пикасо бил очаен да се ожени со нејзе.

9. Живеела екстравагантно: Нејзиниот шестнеделен меден месец на кралската јахта Британија, на пример, чинел 115.000 долари во 1960. Во 1995 земала облека вредна 10.000 долари на пат во Америка. Еднаш барала и да ја придружува мотор од палатата Кенсингтон до станицата Ватерло.

10. На денот на нејзината венчавка, ја носела тијарата Полтимор - дијадема што не е од колекцијата на кралското семејство, туку лично нејзина. Самата ја имала купено на аукција за околу 7.700 долари.

11. Обожавала цигари и алкохол, и тоа толку многу што се обидувала да комбинира пушење и пиење со лепење кутии за кибрит на чаша за да може да пали додека пие.

28 јули 2020 - 01:02