За празнициве со задоволство исчитавме нова книга на македонски автор. Четвртиот роман на Сашо Кокаланов, еден од авторите на сатиричната „Коза ностра“ и на серијата „Преспав“, чиј главен лик е неуспешен новинар кој менува професија во - детектив.
Немој за сè да го кривите расизмот. За време на финансискиот крах Обама се стави на страна на банкарите, не на страна на луѓето што ги губеа своите домови - правејќи ја возможна победата на Трамп.
Книгата која ја влечкав со себе на летување и на сите можни патувања од тогаш, со нејзините (скоро) 600 страници oколу празниците веќе ми стежна на совеста. А грижата на совест за непрочитана книга понекогаш е поголема од онаа за непочната диета. Сепак, едното не го исклучува другото - кога ќе ја земете оваа в раце, често ќе заборавате и да јадете.
Пред неколку дена излезе книга посветена на вистинска приказна за најпознатата жена-детектив од Њујорк од 1917. Сто години по нејзиниот најпознат случај, авторот Брад Рика потсетува на оваа прониклива и храбра жена, првата регионална јавна обвинителка на САД.
Едно време ревносно се бележеа и цитираа последните изговорени зборови на големите умови. Од нашата епоха ќе останат еден куп последни СМС-и и пораки на чет. Токму ним им е посветена нова книга.
Маестрален одговор на вонсерискиот ерудит Синан Гуџевиќ на оние што му приговараат зошто не пишува за она што нив ги занима, а тоа е нешто „актуелно“. За сите оние ликови намножени по социјалните мрежи што ги занима само дневниот каталог на афери, пљачки и државни скандали, при што тоа го прогласуваат за „политичка свесност и ангажираност“, а секоја друга мисла или тема надвор од матрицата ги разочарува или им личи на спин и предавство. За оние што секој ден се занимаваат со сè, само за да не се познае дека не се занимаваат со ништо. МАЕСТРАЛНА ЛЕКЦИЈА!
Библиотекари/ки од Флорида се организираат во мала секта чија главна мисија е да ги спасат старите книги што ги имаат во библиотека. План, решение, егзекуција - еден човек ќе ги изнајми сите.
Најцитираната и најпродаваната книга „Повторно величествена ‒ Како да ја поправиме нашата осакатена Америка” од г. Доналд Џ. Трамп, новоизбраниот претседател на САД, книгата што се чита во еден здив, можете да ја најдете ексклузивно и единствено на македонски јазик во издание на издавачката куќа АРС СТУДИО.
Без сомнение, некои работи што ги среќаваме додека шетаме низ природа се многу таинствени. Предизвикуваат и некои од најсилните чувства кај нас. Има луѓе кои имаат разни фобии од нив и се плашат и да погледнат во нив, други кои се поофанзивни и ги ништат кај и да ги сретнат, трети кои со сласт шират приказни за нив без никаква основа, но и такви кои ги гледаат само преку некаква корист. Јас лично не сум во ниедна група.
На многумина може да им се чини дека читање роман за луѓе што планираат самоубиство на Нова година и не е баш највеселиот начин да се дочека истата. Но кога е во прашање Хорнби, подобар начин и нема.
Тероризам, ИСИС, уште тероризам, Трамп, Брегзит, смрт на славни личности. 2016 изгледа дека не можеше да биде полоша. Стивен Пинкер вели - чашата е сепак полуполна, ама само ако заедно ја наполниме.
Прелесното расфрлање со поимите фашизам и фашисти доведува до нивна инфлација - колку повеќе ги има во оптек, толку помалку вредат или нешто навистина значат. Наместо прецизна вредносна содржина, се добива обична навреда која зачестено служи за дисквалификација на политичките противници. А има нешто примамливо и во тоа што кога ќе го прогласиш противникот за фашист, во своите очи автоматски стануваш антифашист.
На 35 години Герет Бери го одигра 610-от меч во Премиер лигата и го надмина Френк Лампард по бројот на настапи во англиското првенство. Следен предизвик му е Рајан Гигс со 632 настапи на вечната листа.
При крајот на годинава медиумите се обидуваат од петни жили да направат списоци на фини вести и настани кои се случиле во исто време додека нè навјасуваа лошите, само за некако да ја смалат горчината која таа ни ја остава во устата. Некако тешко им оди.
Додека патувал низ Европа со другар му Макс Брод, летото 1911, на Кафка му дошла бизнис идеја - да пишува водичи со совети за тоа како да патуваш со малку пари. И во оваа работа бил визионер.
И кај нас има политички вртикапи кои ја менуваат нивната определба секогаш кога ќе проценат дека тоа им се исплати, вадејќи се на „развој“ на нивните убедувања, кои и не се баш убедливи. Оваа книга е за шестмина американски интелектуалци кои идеолошки свртеле од лево кон десно, a aвторот се обидува да сфати зошто, и како.
Направен според романот на добитникот на Нобеловата за книжевност, Португалецот Хозе Сарамаго, овој филм е дистописка алегорија за човечката состојба. Онаа во којашто се наоѓаме во моментов.
Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.
Дејвид Ајк е најпознатиот светски теоретичар на заговори за кој речиси никој не знае дека активно играл фудбал во Ковентри Сити. По завршувањето на професионалната новинарска кариера каде бил многу почитуван, оддеднаш станува предмет на потсмев.
Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.
Предвелигденските денови се популарни највеќе по Велигденскиот пост. Со исклучок на правите верници Велигденскиот пост е период за диета, детокс и атеншн на сите помодарци кои изводат верници…и псујат! Од уана би верници исто така омилени ми се оние кои зимаат куќна слава, за арно за убаво, ја промашуваат дека е посна е ставаат прасе на маса. Нека се знае чија куќа мрсно јаде.
Постизборно сте вознемирени? Ве јаде јанѕа што носи иднината? Дојдете на топол чај подготвен по стандардите на еден Орвел. Или, ако повеќе сакате, на еден Даглас Адамс. А ние и ќе ви гледаме во него.
Вака-така Дилан сепак одлучи да му се обрати на Нобеловиот комитет, извинувајќи му се што не може да биде на свеченоста на доделувањето „главом и брадом“. А баш сакавме да го видиме со тоа орденот на гради, како одликуван генерал на поетско-музичарската војска.
Два збора кои се прогласени за зборови на годината укажуваат не само на тоа како живеевме последниве (скоро) 365 дена, туку и што нè очекува во иднина. Едниот е „пост-вистина“, а вториот „снегулка“. Комбинирани, тие отсликуваат атмосфера која не е баш благопријатна за критика и аргументирање со факти, a сатирата се сведува на лажни вести-јадици за кликови на интернет.