Попот колку да не ги врати ја фаќа „прасе види риба биди“ и трпезата станува посна. За среќа и радост во домот. Исто така, пред Велигден поповите од вашата локална црква доаѓаат да ви ја испеат куќата, да пропрскаат сегде со темјанче, за арно за убо и далеку од лошото. Ете, црквата, верата и надежта толку можат. Ако имате поголем проблем, се обраќате кон авторитети таканаречени бајачи. Трговец поединец, шифра на дејност консултации, главна дејност манипулација, без фискална и УЈП, нема тарифа, остави колку можеш минимум 100 денари.
Доколку имаш во раните '90-ти добиено писмо по пошта, а не си го препратил на 10 луѓе, пошто еден еднаш негде не го препратил и умрел – ти си за на бајачка. Доколку си од поновите генерации и ти има стигнато мејл а не си го препратил на 5 луѓе пошто овој месец има 5 петоци, 5 седмици, на секои 5 години 5 празни паркинзи ти нема да имаш среќа – ти си за на бајачка.
Луѓето во очај се обраќаат на бајачи, луѓе со проблем, луѓе со...не! Луѓе што веруваат во бајачи се обраќаат кај нив. И не, „има нешто во тоа не викај така“ не е објаснување, добро? Спасуваат од широк спектар на проблеми. Некои од бајачите се на ниво на магнетна резонанца.
Те гледа, уз пут ти лечи псоријаза, точно ти кажува дека нешто не ти е у реду, ќе пиеш од оваа вода, оваа вода и сиду лечи. Откако ќе ти се слоши и ќе одиш на лекар многу е веројатно да ти најдат нешто што автоматски ја прави бајачката дијагностичар. Е, таа е добра. Све погаѓа. Доколку не може јасно да види дали имаш алергија на полен или амброзија, тебе ти имаат напоравено нешто срце моје или ти имаш нагазено.
Нагазено е, кога шетате ноќе по раскрсници, па ќе нагазите сениште и ќе го донесете дома. Значи хорор левел „The Others“. Заради тоа треба бајачката да ти испее една песна од непознат автор, ќе ти проплеска едно црвено вуниче и ти тоа ќе го фрлиш во проточна вода. Значи тоа се оние луѓе што фрлаат свашта од мостови, за да си оди лошото. Црвена вуница се користи и во баењето од уплав, уроци, ноќно мокрење и од лошата золва. Едно триаголниче за да си го носиш со тебе во новчаник да те штити од случајни минувачи. И вода, од оваа вода да пиеш. Пари колку можеш, еве 100 денари, ама неееее на бајачката таман работа. Остави ги онде кај иконата да се фати баењето. И уште нешто за под перница, за да не те нападнат лоши соништа. „The Exorcist“ лајкс дис!
Ако не те спаси ни ова, ти ќе мораш да одиш кај една жена што бае на Теќе. Тебе ти е љубовта затворена, една бивша на бившиот много те мразела. Ќе купиш три катанци со три клуча и три дена на Теќе ќе се отклучуваат. После низ проточна вода. 1000 денари од ноќ пошто на Теќето се оди ноќе со такси. За вакви нагазеници се пие вода во која стои хартивче со нешто напишано со пенкало. Да, да, пиеш вода во која имаш хартија со мастило. Ама ако ти падне смоката на кревет не ја јади, прљаво е.
Доколку и Теќе не те спаси, ќе се јавиш на Телевизија кај Медиумот и тој за само 59денари/минута ќе ти помогне за сè она што ин витро, кожен лекар, хирург и свекрва не можеле. Имаш неке документе и мажот ќе ти се врати од кафана кога ќе снема пари.
Највисоките авторитети за твое добро работат и со растурање на конфекциска магија. Носиш чорапи и кошула и после си ја накривуваш капата на лево. Сите проблеми ти се завршени. Некој од дома ти прави нешто нека блиска. Се караш со пола фамилија од страната на маж ти нормално а другата половина е многу сомнителна исто така. Одиш да ја најдеш хигиеничарката во црква да ти дозволи во 6 сабајле да ја отвориш Црквата. Пошто таму преспале вера, љубов и надеж и ти влагаш и нешто нешто...
Хипстер бајач бае за виза, за 10ка на факултет, а и погодува испитни прашања. Треба да дојдеш со книгата.
Значи од времето на прабаба ми до денес не се сменило ништо многу во верувањата освен што сега не мора да сукаш кори за пита, има купечки. Услугите кај бајачките не се со фискална, ама затоа редот по дворовите им е како сватовите да дошле по невестата. А дека сето ова е дел од нашето секојдневие во 2013 година, доказ е Златна книга.
Повелете. Баам од УЈП. ФМП.
Ина Многуфина