Конечно одмор, да излеземе од градот малку и да одиме на места каде што има забава и после 1 часот. Супер. Ја вадам гардеробата за на одмор, пуштам две, три, петнаесет машини и почнувам да селектирам работи за пакување. Не знам како се пакувате за на одмор во мали куфери, јас кога идам на одмор се паркира камион за намештај, доаѓа Чак Норис да ми ги дигне куферите...Смештај си барам на интернет.