Новогодишните празници се ближат и веќе секој знае каде ќе оди и што ќе носи. Освен оние што викаат дека не одлучиле, тие ќе седат дома ин а рилејшншип со торенти и ќе поминат најјако... Прво броиш денови, нагласуваш дека нема да споиме, вадиш ден два од лански одмор или боловање и фаќаш авионот. Тоа е бест кејс сценарио.
У кафана, у кафана ми се оди така...Ова обично ќе го чуеме од оние кои најгласно кажаа дека забраната на народно е супер, пошто само сељаци слушаат народно. Ама сега дека нема народно, на нив им зафали, а и така се во некое расположение ете да се олабават онака, да се смееле. Овој тип на „јас не слушам народно“ шемаџии, оди во кафани демек за да им се смее на тие што одат по кафани. Ооо ти иронијо на животот! Исто ко оние што прават дакфејс слики на ФБ за да ги исмејаваат тие што прават дакфејс слики на ФБ, зошто по некоја нивна логика ако се исмејуваш, не си еден од нив.
Му рече магарето на зајакот имаш големи уши. Во оваа група на луѓе што знаат да си поминат, гардеробата е кошулче во панталоните, саковце на столчето и без кравата, дека кежуал добро? Девојките со пунџи обавезно и фустанчиња со гол грб дека еднаш е Нова Година и проаѓаат и шљокици. Мрсна сенка на очи и плав лак со по некоја ѕвезда. Златен туш само за најјаките, оние што ја препознаваат Сека Алексиќ на прв такт пошо еве ја мојата!!!
Диско и кафичи се одлични за да си поминеш како и секој друг ден. Само онаа што доаѓа со другарка и сега ќе има и светки на лице пошо е Нова Година.
Секс енд д сити друштвото на тазе раскинати и форевр алоун грлс ќе се внесе у филм на невиден провод. Сега кога ќе се дотераме, па кога ќе излеземе, све само на ФБ ќе постирам, да знаат дека не патиме. Сликај ме, сликај ме ма да види што убаво си проаѓам и не мислам на него, и не зборам за него. Два саати после излагање сите ѕверат у мобилен да видат кој кај е и како била облечена таа некоја. На своите слики коментираш со -си газиме... а вие у ствари си седите и си кликате. Најубаво.
Парови и друштва со парови. Најхорор варијантата за Нова Година, бетер од тоа да немаш интернет за Нова Година или струја. Ќе се собираат негде на мезе или најстрашно дома. Девојките ќе се дотеруваат како на прв дејт за во случај да заборавил дечко и колку е јака она. Ќе служи и ќе мести по масата за да, ете оваа атмосфера го потсети дека она е и домаќинка и плус атмосферџика што треба да ги појача нејзините шанси за свадба. ФМП
Паровите внатре се делат на подгрупи- журкаџии, он журкаџија она намќор, она атмосферџика он тупаџија, и еден од цело друштво што мисли дека е духовит. Најстрашни се оние тазе фатените што се џвакаат цела вечер. Големи друштва секогаш најдобро проаѓаат. Ако се собрани дома објаснувањето е „така интимно друштво 4 пара“.
Колку и обично и досадно да ви е околу Нова Година, сетете се дека барем последниве години не го трпиме трендингот тортура стиховни пораки и останати новогодишни текстови по смс, како и „фала и кај вас“ риплајови сабајлето. Со статус на ФБ барем тоа го решивме. Исто така, гледајте од посветлата страна што во денешно време не мораме да го гледаме Супермен на прва.
Родителите не не мкнат по роднини и останати тетки-вујни-стрини да не шлапаат за честито па да се здосадуваме додека не си одиме. Ич не мораме да се осеќаме како заразни ако одлучиме да седиме дома, или да ја дочекаме Нова Година во пижами пред ТВ. Ич не мораме да се дотеруваме ако одлучиме да отпатуваме некаде и да разгледаме нов град. Се се менува, ние се менуваме, навиките се менуваат, само руската салата останува иста. ФМП.
Ина Многуфина