14-ти февруари во Македонија има неколку свои препознатливи моменти, на пример, анкетата на плоштадот. Не постои 8-ми март или некаков било каков празник да не се оптегне некоја на плоштад и да замара минувачи со глупите прашања од типот „дали славите..“. Момците што ќе застанат ќе речат Св.Трифун, девојчињата ќе кажат Валентајн, а паровите најчесто тој ден се уште во преговарање па имате малку и несинхронизирани одговори. На анкетата ќе се најдат 8 од 10 кои ќе ја кажат мислата на животот и смислата на постоењето на празникот во стилот на Семе Куељовско „Љубовта се слави секој ден не само денес..“ Ок, знаеме, и 8-ми март не е само тој ден на жената, секој ден е добро? Колку и да теоретизираат на анкетата секогаш во позадина ќе видите едни дедичко и бабичка кои се уште се држат за раце и шетаат, најтажен да си и да те боцкаат ножевите во грб од сите дотогашни љубови, таа слика го буди и најголемиот скептик.
Освен оние кои си го тераат филмот со празнициве, секогаш ќе се појават расипувачи на атмосферата лвл напор. Тие најчесто се најпаметни и ја знаат суштината на работите, а сите други се глупи и не ја гледаат шумата од дрвата. Сите напињаат околу Валентајн генерално.
Прво оноа срцињата на ФБ, светкаат па внатре со црвен италик мак ц тимес фонт вадат изреки од типот „љубовта е како..“ месечина, свеќа, ајвар, раткапна, цвеќе...и слични длабоки изреки кои те тераат на регланче. Патриотите ќе се потрудат да ни објаснат дека „Златен празник имаме Св.Трифун, православен, а вие туѓи празници славите...од такви пропадна државата...“. Па ќе шераат икони од Трифуна, па вина, флаши ....се додека некој вечерта не ги викне негде на пиење, пошто нели разбравме дека се форевр алоун. Групите сингл мажи и сингл жени слават пиење вино и тие секогаш најјако си проаѓаат.
Алерт бр. 1. Тазе раскината фрустро другарка. Сите знаеме дека после раскинување на другарка треба да штрафиме со главата при изјавите дека сите мажи се исти, дека нема маж што поштуе жена и дека љубовта не постои. Овој тип на девојка ќе почне на ФБ да труе со анти валентајн слики, застрелан Купидон, форевр алоун изјави додека се обидува да дознае каде ќе се чекира вечерва нејзиниот бивш со новата девојка...која нормално е глупа, многу ружна и нозете ѝ се криви. Машката верзија е пострашна, они ќе трујат дека жените сакаат само пари пошто супер згодно им е да веруваат дека бившата ги остаила за побогат, не дека он не чинел. Обично ги игнорираме овие жалчиња.
Алерт бр. 2. Помирена форевр алоун. Ова е тип на девојка која се пронаоѓање во Кери Бредшо ама и таа се омажи. Така, последниот мохиканец кој верува во индивидуализам и сингл лајф се овие. За цело време ќе постираат дека на една жена не ѝ треба пар, дека валентајн е бљуфка, дека она е сингл и е прауд на тоа.Обавезно се менува профил слика за во случај некој ако не знае, нејзе љубов не ѝ треба фала многу.
Овој тип на жени заслужуваат посебен респект и не се опасни сè додека некоја што ги жали не ги поткачи. Е тука ни Брус Вилис не ја спасува и ние сите ќе бидеме сведоци на теророт на дијаметрално различната девојка:
Алерт бр. 3. Фала богу имам дечко за Валентајн. Срциња, ружи, слика од нив двајца во рамка срце, слика од нив двајца на свадба кај сестра ѝ во две срциња во Венов дијаграм. Они во Солун селфи, слика од недојадена пица со две чаши. Преромантично. Статуси од типот „дечко ми ми купи....дечко ми ми рече...“ па он коментира во истиот стил левел си грмиме. Знак за помало и тројче. Овие типови на луѓе кои најчесто се во врска три месеци пред Валентајн се причина за зголемена продажба на Линекс во февруари. Она ќе добие мече и ружи. Ќе се чекира, ќе го слика букетот и јадењето. Ако мислите дека се неподносливи на 14-ти не отварајте ФБ на 15-ти. Они го имаат сликано букетот од секој агол, многу се најзаљубени, не дај боже да им се јавиш ќе ти се исуши мозокот од прераскажување на вечерта 17к пати пошто „погледот, знаеш, погледот да му го видеше...и онака ме гледа и ми вика те сакам. Добро не ми рече, ама онака од погледот знаеш...и го прашав, ме сакаш? И баш се смеевме. Леле многу значи..види букетов“.
Алерт левел Жал, крст и кандило. Овој тип на греотки си праќаат сами букети на работа за да бидат другите љубоморни. Дека некому му е гајличе. Букетите се непотпишани и имате тука аудио терор со параноични моменти од типот од кого е. Од никој не е срц, сите знаеме. Оние што имаат дечко ама дечко им е малку женет ќе гугуткаат на смс до 17:00 пошто после он има за славење со жена му која нормално не ја сака ама мора знаеш... Врвчиња ми се оние кои прв пат на Валентајн имаат дечко после многу години обид да фатат и ко ќе почнат да делат совети и бичи типс како се слави Валентајн. Овој тип на срцки бараат поклони, пишуваат на ФБ лвл „ти кажувам ќерко сети се снао“, сметаат дека мажите треба да купуваат нешто пошто таа сирота во живот поклон не добила и сега тој некој грев ќе треба да ја истретира ко кралица за сите до сега што не се нашле тука околу неа. Јас лично би им купила огледало на ваквите.
Нормално на мажите им се стемнува на Валентајн кога целата фама околу тоа се сведува покажи ми преку твојот поклон колку ме сакаш ама пази пошо јас утре на ФБ треба да пишам, нека биде многу добро? Тој што има поголем буџет секогаш испаѓа дека повеќе сака. 15-ти на ФБ не се трпи од докази за вчерашната љубов. Терор. Ама све се издржува до... абдоминална револуција добивам од клишето јавно запросување. Значи алоо бре никому не му е романтично и никој не ви завидува дај соберете се. И не е уникатно. Не ни шизички не е. Не е згодно кога си публика, на оние околу што изјавуваат љубов им паѓа у вода пошто еве некој некого запроси у ресотранот и добиваат поглед „гледаш?“. Страхотно лвл преплет црева.
На дечките чии девојки посакуваат Валентајн најт а они се договориле со другарите пиење вино им посакувам убаво прославување на раскинувањето. Воедно, на сите што ќе кројат лозје им посакувам добра година. Во виното е вистината затоа не пијте ако планирате да лажете. ФМП.
Ина Многуфина