Ноември. Веќе четврта година од зимска гардероба обновувам само чизми и капут бидејќи излагам пред кафичи. Бев многу гласна околу законот против пушење ама сега сфатив дека стварно е подобро вака. Полесно ги анализираш луѓето: што готват најчесто, дали биле во кафана пред тоа, дали имаат кариес и сл, па веднаш можеш да поминеш на поглавните прашања при запознавање: што си во хороскоп и кој си на фејсбук. Тоа мене не ми смета, јас најчесто сум надвор и таму се врти муабет за студот и симптоми на настинка.