Тетките на шалтер со моториката на работа согласно годините сè уште ги бараат буквите со полиција. Не разбрав како и после толку години не ја разработија тастатурата, еве не знам... Стигнуваш, завршуваш уплата и поставуваш со цел памет прашање за нешто, е тоа кај колешката.
Колешката е на пауза.
Ако работи во експозитура близу пазарче, ќе дојде со ќесите и баш на двајца пред тебе ќеѝ застане некој познат. Тука врти муабет како сте дома, пораснаа малите лелеее, како проаѓа времето... Да тетке проаѓа еве младоста ја остаив на шалтеров, добро? И стварно не е фраероќа да ги замуабетувате шалтерките, мултитаскинг тестирајте на друго место.
Шалтерка левел не може нам нико ништа работи во Јавна администрација. Обично има уште 5 години до пензија, никој не може да ја избрка од работа пошто тука е од прошли век и се понаша согласно за тој век. Кај неа прво кога ќе застанеш мораш да почекаш пошто она еве со Светле праи муабет за снаата на Магде, значи многу е фина и малечкото цело е на татко му. Ќе ти се обрати евентуално само првиот пат со персирање после тоа сте на ти. Блиски сте пошто човек на човека му е шалтерџија (стара административна). Откако ќе ти објасни дека не е тоа тука ти што го бараш на прашањето каде е, она ќе сфати дека си ти малку наглува и ќе ти подвикне дека она не знае кај треба да одиш не и е тоа работа, види кај колешката.
Колешката е на пауза.
Откако ќе ја превртиш зградата, ќе бараш познати до трета братучетка за комшика ти, да ти кажат каде треба да одиш, ќе се вратиш кај истата... „Јас со 300 грама брашно ги правам и меки се, а Магде...”
Омилен вид на тетки од администрација ми се aрхиварки. Тие имаат секогаш сусам на бирото, три немиени шољи со кафе на масата, решо и ѓезве наравно, цвеќе полускапано и многу нечист еркондишн. Понашање фраероќа. Работното време со странки и паузата се мерат по нивниот саат.
Кај нив во канцеларија се влага преку ред, пошто тие што им ги носат колешките се итни!!! Еве не знам, може срце им оперираат внатре. Кога ќе стигнеш некако на ред ќе ти се пушти дека нешто не си пополнил како што треба, не си платил колку треба, кај ти е ова......
Е, најголемите мазохисти тука влагаат со прашањето добро кажете ми што треба да правам, и тие од надвор слушаат и ја замислуваат архиварката како се претвара во змеј кој блуе огин и објаснува како она не е платена за тоа овде, за тие пари да објаснува на секого све во овие услови... А, ти никако не разбираш од каде тоа треба да знаеме ние кој за што е платен и што работни обврски... Пишува работа со странки, јас сум странка и еве не знам... Излагаш во шок и неверување, блага траума од напад од службено лице и страв дека никад, повторувам, никад нема да завршиш работа.
За воља на вистината има и помлади што работат со клиенти. Они се секогаш пољубезни, подотерани, ама има големи шанси да не знае за штоѝ збориш пошто она нова е, добро? Па, ти исто љубезно ќе ја почекаш да се информира што да праиш и така имаш денови од ланскиот одмор. „Да, не било тоа кај нас, кај колешката е горе на спрат”.
Колешката е на пауза.
И си викам кога им кажуваат дека ќе работат на шалтер прво ги носат на семинар за кулоќа? Секоја шалтерка има ист тон на глас, исти напади, исти фаци левел јас сум нуклеарен физичар, а ти си странка... Додуша еднаш имам завршено работа одма и љубезно, ама таа може не беше нормална. И јас стварно не разбирам зошто се вечно нервозни, работа со странки значи работа со луѓе. Па и јас сум луѓе, сакам да прашам неш... Знам дека имате шалтер за информации. Таму нема никад никој.
Колешката ви е на пауза, знам. ФМП.
Ина Многуфина