Се навикнав дека секој букинг сајт има различни цени па од пред некоја година почнав да им пишувам мејлови на хотелите да се испазариме. Сликите на собите по ист принцип-бираш најубав агол, малку фотошопче, терасичката, купатилцето, има еркондишн и останати детали кои ќе ги одвојат од другите хотели. Ѕвезди до секој хотел, критериумот никогаш не го разбрав до крај.
Тргам. Најаувам на ФБ прво нормално, ако не најавиш исто ко да не си отишол. После граница мењам картичка пошто оние од банка многу сакаат да ми се јавуваат во роаминг и да ми раскажуваат датуми . Живот. Стигнувам, се распакувам, влечам катаљарда работи и цел одмор дремам во три исти парталчиња. Веднаш сфаќам дека сум ги заборавила најбитните работи како преса за коса, оние црните чевли еднаш што ги имам облечено, пареото од лани тоа убавото и слични битни и ултра потребни работи.
Интернет во соба неам, се симнувам и шетам со телефонот како со Гајгер-Милеров бројач да видам кај ќе фатам мрежа. Ме гледаат ко мрдната...Шо е алооо, другарките ми се на Вајбер, може итно ќе им требам на пример да ми кажат дека во Скопје врне. На пример. Излагам да го прошетам градот. Ако мислите дека Кинезите со апаратите се чудни на одмор, не сте ме виделе мене. Купувам мапа, имам ГПС и го учам градот мислиш утре ќе аплицирам за таксист. Купувам и водич за топ 5 ресторани и кафичи, храна, вино, шопинг, све. Од другиот ден им се давам на музеите и археолошките наоѓалишта. Пола од вработените ми се прават дека не работат таму, а другата половина си зима одмор додека сум јас во градот.
Од Адама па навака све прашувам. Откако ќе научам кај сум и како све се напатиле во минатото, одам по локалитети. Сликам споменици, сликам камења, сликам посетители со штикли, сликам све што најдам. Јадам, одам на плажа, горам левел непребол, трпам, јадам, одам на плажа....се запознавам со пола град, заправувам муабет по улици со мештаните, прашувам све и свашта. Се задржувам пет шест дена па одам на друго место. Се пакувам пак, му се јавувам на Чак Норис да дојде за пренос, одам плаќам...-Како си поминавте во нашиот хотел? –Исто ко дома, и дома не ми работат два штекера и не чистам секој ден, а и топлата вода секогаш некој ми ја има потрошено веќе.
Преубаво. Догодина пак ќе дојдам, фала фалааа, бац бац. Секогаш се залетувам три пати, странциве по два пати се шматаат за среќен пат. Одам на друго место. И таму истото го правам. Во меѓувреме гуглам да видам што има тука во близина да се види. Пешачење 2 километри низ козји патеки, преку три планини, седум мориња и четири пештери за да излезам на некоја убава плажа? Тоа сум јас! Одам, липсувам, горам, стигам. Гледаш некоја глетка уау и викаш океј се исплатеше. Нејќам дома.
Се враќам дома пред да ми удрат црн печат и не промашувам 10 дена да шетам само во бело за да ми се види бојата. За три дена заборавам дека сум била на одмор. Освен што куферите ми се уште на сред ходник. Што убаво кога си на одмор...се распакувам. Еден месец подоцна....Ми се оди на одмор!!! ФМП.
Ина Многуфина