Ги остаив цигарите. Сеа припалувам само со прво кафе, после јадење, со алкохол, пред спиење, после секс и коа ми се пуши. На пролет се отвараат терасите по кафичи. Се е повесело, повеќе луѓе се будат од зимскиот сон за да влезат во пролетен филм.
Неколку правила за пролетта:
1. Доколку имаш во текот на изминативе месеци купено нова кола, дај боже џип, тогаш мораш да ја испаркираш пред кафич на четири жмигавци за сите да ја видат. Воедно ако си фраероќа од човек, остави си ја на тротоар во Дебар Маало, пошто плаќање паркинг е ту мејнстрим. Што повеќе ја блокираш улицата тоа повеќе ни кажува дека си градска фаца, донт гив ап. Овие луѓе пијат Виски, нарачуваат со „Знаеш за мене!“
2. Од Фебруар одиш во Теретана? Па тоа е можност во Април да облечеш рамбовка и не се плаши од настинка „не може ти нико ништа“. Движењето е добро извежбано на огледало, ништо тука не е случајно. Рацете подигнати, нема везе што мускулите не му сметаат да ги спушти. Во кафич се влага строго со телефон на уво, каков фраер си ти ако не те бараат да те прашаат „кај си брат“ и „шо да ти напраи мама за ручек“? Овој тип на презгоднотии се дружат само со машки пошто имаат толку јак муабет што ниедна жена не е толкав мазохист за да им поседи на маса. Пијат алкохол, како и секој друг врвен спортист.
3. Дневни состаноци во кафич. Сумите на фактурите се зголемуваат доколку на соседната маса седат девојчиња на пауза од факултет. Некои делови се подшепнуваат, а врв на муабетот е „да не спомнувам имиња“. Пијат еспресо- кратко и кисела вода. Ако се ептен влезени во филм и пура припалуваат. Обично тие немаат излаз навечер.
4. За жените кои ослабеле цели 2 кила од Нова година навака, сега е времето да облечат мини. На дневно кафе со штикли доаѓаат само тие што се дојдени на еднодневна екскурзија во Џамбо. Омилен пролетен аутфит ми е „манекенка да будем“, оние кои преку ден излагаат во маица со принт и фармерки , со штикличе. Не е нафенирана ама има шминка пошто некако некаде има прочитано дека тоа е кежуал. Вечерната варијанта е фустанче „родила ме мајка да будем певаљка“и најстрашното- анимал принт хеланки. Е тука очите ми паѓаат во депресија! Задолжително се вади телефон и се слика, се постира на ФБ веднаш, обавезно се чекираат во кафичот и истите тие што се на маса си коментираат под сликата: „газимеее“, „маци топ си кис4е“, „најбоља си“ и сл.
5. Секако, пролетта ги најавува и еднодневните екскурзии во Солун за гиро и фрапе покрај морето. Ептен ако си шизик се сликаш со чаша од Старбаксо и ќеса од Зара. Строго одиш во Космос пошто Сити мол е ту ласт сизн.
6. Пролетта ја сакам дека се полни патеката покрај Вардар. Далеку од сообраќај и напорни луѓе. Таму е супер, најубави ми се оние кои трчаат нашминкани со обетки алки, и маичка со деколте за бронхопневмонија.
Заклучок - Се на се, го сакам Скопје и го сакам Дебар маало во пролет. Детството во парк и Ленинова во коштанчиња. Прајслес.ФМП.
Ина Многуфина