Отприлика секој што има два метри пред зграда до улица и деловен простор кој собира шанкче е одлично решение за маалски кафич. Па уште ако има и куќа со двор, може и диско да отвори.
Летово се отворија два- три- петшеснаесет нови кафичи. Во дискотеките се забрани турбофолкот, но тоа не им пречеше на моите соседи најдемократски да ги стават на рипит цело лето „зелене очи биле су твоје“ и „буцкаста си ти такав сам и ја“.
Лабаво и лаганица и оваа година беа топ летни термини- изрази кои одговараат во секој муабет. Времето ни се погоди, што значи све беше супер за секојдневно кафенце онака лабаво. Најлабаво си седнуваш на кафе, и онака скроз лаганица те напаѓаат муви. Јас ниедна година во Скопје не сум видела толку муви подалеку од контејнер. Инвазијата на муви е доказ дека сме ѓубре од народ, друго објаснување немам. Во кафе, на нога, по маса, на лаптоп, доволно да те изнервираат и да ти го расипат филингот на едно кафе, онака лабаво.Некои тераси имаа вентилатори што прскаа вода. Таму немаше инсекти, а цената на пијачките беше иста како и кај оние што не успеаја да ти го направат престојот пријатен.
Нови кафичи бизнис план. Освен што отвараш нов кафич, фрлаш пет шест маси и столици, оградуваш, не се трудиш многу околу еркондишнот што прска од трети или слично, многу е битно за персонал да земеш ќерка на колешката на една пријателка. Тоа што има луѓе што со години работат по кафичи и точно знаат како да ти ги услужат гостите не ти значи пошто, еее голема работа сите знаат да се келнери. И ете ја услугата.
„Повелете?“ со насмевка и малку отакаченка фризура пошто откаченоќата е многу битна за прометот. „Што вина имате?“ „Уууф, чекајте да прашам на шанк, нова сум!“ И мене кога ќе ми кажат нова сум , тука одма со разбирање сум, исто како да вработуваш дектилографка што не ја познава тастатурата. Ало бре, одиш на работа и го учиш менито на памет, не е нуклеарна физика. Доколку има многу луѓе во кафичот откаченоќата од келнерка може без проблем да ви го донесе лимончето за во пијачката во рака. Со прсти. За во пијачката. Со прсти. „Повели“. Не се персира пошто човек на човека му е келнер.
А кафичите фини, не штеделе на ништо. Освен на персонал.
Исто така имате и друг вид на нови келнери од типот „скриена камера“ „Повелете?“ „Што вина имате?“ „Па све“ со обавезно хехе смеење никому смешно „...,Шардоне,..“ „Чиво Шардоне?“ „Пааа, од Ризлинг“. Одлично.
Еден келнер за цел кафич е најубаво. Има да запамти како се заработуваат пари во денешно време, со пот и проширени вени. Јас на пример најмногу сакам онакви активни келнери. Доаѓаш уште не седнат ти застанува на глава за пијачка, воздух не си земал уште. Те послужува и гњури во телефонот додека не си одиш. Пепељара, вода, или уште една тура не оди на принцип креваш рака туку на принцип викање.
А има кафани во градов каде не мора да ги викнеш, тука те пазат да не треба нешто, само треба да ги погледнеш. Ама па во тие кафани со малку посериозен персонал, поискусен или барем обучен нема да чуете „дечки солот ви треба уште?“. Го поправаш, греота, „солта се вика дечко“ Фраероќа левел „ни го асфалтираа патот“ одговор: „ти професорка по македонски да не си?“ Не, само имам завршено две одделенија повеќе од тебе.Доколку кафаната има два или три келнери, ти мораш да пазиш точно кој е на твој реон зошто може да промашиш каде да нарачаш па после да имаме муабет од типот „кај мене ќе нарачувате јас сум за овде!“. Значи, како да ти кажам, шо ми е гајле донесете ми пијачки...
Не е работата да отворите кафич и да го средите најмодерно а да штедите на персонал. Стварно гостинот треба да се осеќа убаво и опуштено, инаку пијачки дома имаме сите. И немојте со тоа неаме ви-фи, зборете меѓу себе пресмешни фејсбук финти, ставете ви-фи, аман кошта колку два Џони Вокер-а! И да, искусните и воспитаните келнери заслужуваат бакшиш. Пошто во спротивно ќе пиете Шардоне од Ризлинг. ФМП.
Ина Многуфина