Секој муабет за свадба почнува исто. Знаеш... мала и културна сакам да биде онака млади, ама нашиве бе напињаат... Си викам како ги напињаат побогу. Ние нејќевме народно знаеш...ама го договоривме Наум Петрески и Зуица гостинка ќе биде знаеш дека нашите сакаа...мхм.
Матично, строго во Парк. Другите Матична не се важат значи таму не фаќа мајата за долг и среќен брак. Слика со розе позадина од бараката во Парк пошо не беше предвидена за Скопје 2014 да биде во Барок стил останува во Шула Мина стил. Невестата е таа во хаљината што и е 4 броја помала и некако само на неа и личи дека и стои исто како на онаа на сликата од интернет. Косата е во ниска висока пунџа, да не знаеш тие шо висат дали се распаѓаат или така треба
Деверушите носат едни чудни на глава пошо имаат видено на ТВ дека тоа е шизичко. Во матично се истураат Хихирику финти со тавче, луд камен и останати никад сфатени изреки.
Црква. Дека најфраероќа е да си во Соборен храм, а и децата имаат кај да се истрчаат внатре.
Кулоќата почнува после тоа. Оној саат предвиден зафото шутинг. Таа гледа негде во далечината тој со бидермаерот позади... романтично. Една откачена фотка, тие двајца подскокнати, пресмешно за младите. Машките наредени зад него, женските зад неа и се влечат. Па како ви текна ееееј! Веќе навлезени во јака фраероќа и откачени моменти се влага во ресторанот.
Секој ресторан има свој начин на тадааам! почеток на свадбата. Факели, труби и останати аудио и визуелни шокови што ја најавуваат невестата која што ја видовте пред малку на влез кога и го дававте поклонот. Во плик. Најавено на поканата, пуно јако, како ли им текна!
Свадбата се почнува со танго, аристократски. Со песна од Тоше. После две танга, додека сфатиш кој е келнерот на твојата маса почнува забавниот дел. Добро Вече че че че. Среќен брак на младите ајде кумот да ја заигра невестата. Невестата не сака народно ама после второто оро си ги извади штиклите и облече Барби влечки за да може фино да го фати пајдушкото Оптан топтан кисело млеко...Е за микрофон ќе се фати старосватицата она увек најбоље пее и ќе испее две песни Зајди Зајди.
Негде на пола свадба се дешава пирошката, гарнирот тортата. За тоа време е најпаметно да одиш во тоалет кај што се вртат муабетите: ја слушна ли ма што ми рече мајка му? ...кој е ма оној у оделото, црно? ...дезодоранс имаш? И слично. Откако ќе се вратиш на свадбата и веќе осеќаш дека ти се суши мозокот иде преубавиот дел. Сечење на тортата. Па тој спонтан момент кога се мачкаат со шлаг по нос..оп ејјј не очекував еј, баш ме изненади шо ме нашлапа. Гостите со тањири ко да просат. Никад не го сфатив тој дел. Бидермаерот и оние пресмешни мажи откачени шо се џиткаат по истиот. После тортата делот за младите.
Изненадување на вечерта ди џеј и одма се фаќа вовчето на Моји су другови. Неочекувано исто ко пирошката за предјадење. На ди џејот случајно ќе му се најдат две три цедеа од Аца Лукас и Житораџа грл Цеца. Хаос. Игра рокенрол цела Југославија е рок делот.
Доколку се праи свадба на онаа нивата шо е каскадна, па орото ти е ко малку со благ наклон таму под шатори, лајк а барбикју. Има и базен. Откачените ќе го фрлат младоженецот во базенот оти тоа е јакоќа левел цепки сме на свадба!
Деца на свадба..нека се истрча нека си играат!
Имаш сингл другарка? Сама покани ја, и онака штедиш имаш 300 гости. Најблиските. И седни ја меѓу парови пошо сигурно многу сака да слуша која кога се породила до кога доела и како они праеле свадба. И ако е сама 10 пати кажи и да ја запознаеш со некој слободен пошо она за мажење е дојдена на свадбава. Мажена си? Не! Ај, ќе биде ееј што не било па тоа...
Свадба е мачење за гостите повеќе него за младоженците. Тие утре ќе бројат пари евентуално ако сите пликови не им беа празни, а ти си прошол онака. Се надеваш дека нема да те викнат да го гледате двдто. Кога ќе ги оптегнат сликите на ФБ обавезно пиши колку јако сте прошле и најбоља свадба евр пошто тоа се очекува. Се преслушуваш у себе уште колку свадби имаш да преживееш кај што мора да одиш. Пошо они нејќат бе ама нивните знаеш напињаат дека...ФМП!
Ина Многуфина