Одлично за тие потолерантните ама јас добивам инфаркт левел пченица кога ќе им го отворам ФБ и ко ќе видам кај биле на одмор или Нова Година. Газди и Директори во обид. Мојата омилена категорија на фраероќи.
Како препознаваш Газда во обид. Договараш состанок, не првиот термин „Имам договорено тогаш“ значи ќе ја пере колата, „Не можам ни во вторник, имам нешто“ значи нема ништо добро? Третиот термин е правиот. Најверојатно првото сретнување е во кафич пошто е многу битно за настапот. Тој касни, влага во кафич и збори на телефон, ајфон нормално, и се дере. „Да бе брат средено јас ко ти викам завршено ќе се јавам кај чоеков мој...” Доаѓа келнерката која од скилс мора да има читање на мисли и говор на знаци за фраери. Он пафта со рачето и покажува нешто со прстињата еве волку од што она треба да разбере дека бара нес кафе без млеко средно и без преливи. Значи тоа преливи никако. „...абе немој да ме изнервира два телефона да свртам...“ и такви апириенс муабети на кој никој, повторувам никој не се пали.
За време на муабетот ќе го интересира све освен работата за која сте дојдени. Веднаш после краткото задржување на темата за работа преоѓа на импресионирање. Тоа е моментот! Прво ќе ги истури сите имиња што ги има чуено на вести и ќе ти најави дека со нив е на чорба секоја недела. „Сеа ќе фаќам едно тендерче“ е многу тајна информација ама он ќе ти ја каже во доверба дека вие сте веќе блиски, добро?
Кога ќе се навратиш на темата за работа, веќе со недоверба дали сте на исто ниво со паметот он ќе ти нафрли онака ничим изазван „Еве чекам сеа некои пари..“. Дига рачето и да платиме. Сметка. Ќе извади купче пари од заден џеб, одозгора наредени евра или 1000ки кои никогаш, повторувам, никогаш не се трошат. Тие се новчаник. Под нив се парите за плаќање. „Прати ми ти мејл за ова што зборевме и ѕврцни ми дека си ми пратила мејл да отворам пошо не отварам често“. Мда, важи.
Газда „утре сабајле“ е тој што ќе ти закаже состанок во канцеларија. Влагаш, и имаш слика ко реклама од БТР. Секретарка збори на телефон. Веднаш сфаќаш дека она е откачената во фирмава пошо се јавува со финтата „Шо работеш“. Доколку успееш да се собереш од смеење од оваа хилариус финта лвл Богот на хуморот само што се повлече, ќе влезеш кај директорот. Но, никогаш не го потценувај моќчето што секретарката мисли дека го има. Она е главна на шоферот и магационерот. И може да му се јави на газдата кога сака. Додуша во голем број случаи и он нејзе.
Врв од секретарка ми е онаа која мисли дека е втор чоек во фирма од можни двајца и освен што е благајник, секретарка, газда во сенка и опасноќа, она знае да запржи и риба. Риба добро?... Кај директорот во офис има рамки за слика, пошо така има и на америчките филмови. „Ние работевме со тие, ама не плаќаат и ...“ и ги дознаваш сите трачеви по малите и средни претпријатија во таа дејност. Таков инфо центар нема ни во стара зграда со баби. Нема.
За работа има шанси да ти прозбори ама он тоа не знае, дека други му го работат тоа дека нели има он оддели дека голема фирма дека кај нив се знае дека „еве чека некои пари“. Ама утре сабајле ќе имаш на мејл и детали и платено и фактура и понуда и профактура и све. Све ти е јасно. Поздрави се и кажи му ќе контактирам со секретарката. Она па да се докаже дека е пресве у фирмата има шанси и да ти заврши работа.
Газда „на времето“ е најтапа чичко што можеш да го сретнеш. Него уште му е хит терминот факс. Они се уште со факс работат. Работел на времето во некоја фирма и отворил свое и нејќе да седи дома, па еве го се уште е главен во фирмата на децата негови. Кога ќе дојдеш кај него на состанок обавезно земи си фарба за покривање на бели. Пошо си ти млада и највероватно не знаеш, еве сега он ќе ти каже како почна. „И порано не беше вака, тогаш се знаеше, сите имаа, се знаеше ред“. Добро чичко за друго сум дојдена..„И немаше тогаш нејќам ова сакам ова, по два пати идевме на одмор, се работеше од 6-15, да имаш време за фамилија да седнете за ручек да прошетате после...“ Да, да ги видиме тие два модели фрижидери и два шпорета, да купиме шампон од коприва или евентуално Кисми од јаболко и да одиме дома среќни.
Доколку го преживееш состанокот ќе те испрати културно до врата каде што ќе ти даде еден совет толку мудар левел смислата на животот кој, пази сеа, мора да знаеш да го прочиташ меѓу редови, пошо тој стар ков на масони бизнисменски знаат како треба. „Сеа овие пари ти немој како секое македонче да ги потрошиш пола, направи ги дупло“. Го гледаш три минути додека се собереш од советот и додека се додржиш да му ја зденеш твојата „не прашувај бизнисмен од кај му е првиот милион, за другите сам ќе ти каже“ ама ај си викаш почитувај постари. „На факс да ни пратиш...“ Добро чичко на факс ќе ви пратам у реду је.
Газда „да не спомнувам имиња“ е најоткачена фаца. Него не го разбираш што збори и состанокот ви нема смисла. Како прво „не спомнувај имиња све слушаат“. Јас секогаш си викам кој е тој што е казнет мене да ме слуша, мозокот му се исушил гарант. „Овие од горе, све слушаат. Сите телефони, све гледаат. И ова дигитализацииве? Чипови да ни стават ако можат. Ц ц ц. Да не спомнувам имиња, знаеш, имам ја луѓе ми рекоа (рандом глупо инфо никому потребно). Американците све држат под контрола. Све. Како Русите порано, кога го сменија Тито во војска знаеш тоа...“ Значи не знам, дојдена сум за друго дај да видиме за работава. „Е, ќе ме почекаш, еве чекам“ Знам, некои пари сега! И знам, да не кажувам никому така?
Така, со чест на исклучоци на професионалните фирми, малите и средни претпријатија кои се уште работат по принципот на која нога стана газдата се страшноќа. Сите имааме налетано на фирма Суета ДООЕЛ која ти троши време и нерви како да правиш дил со Мајкрософт. А фраеризмите што ќе ги изнаслушаш? Прајслес.
Утре сабајле, можеби, ќе видиме, нема проблем, да да, важи важи, обавезно брат, рачунај средено се термини што кога ќе ги чуеш почни да плачеш. Знаеш дека ништо од работата ако не се јавиш уште седум пати. Минимум. „Еве чекам некои пари...“ И јас! Твоите! ФМП!
Ина Многуфина