Значи нит ми е гајле од кога не сме се виделе, нит дека сме се изгубиле. Ако сум сакала ќе сум те барала. Ама ај, ме учеа од мала да сум била фина и да им праам на луѓето муабет од култура, па „кај работиш?“
- Леле срц ваму сум у Министерство знаеш, полудев од работа пошо само јас сум на оглас примена све друго преку врски... е знаеш кој друг работи, ти текнува оној пат на Ленинова онаа со црвените штикли, со шоферов на Директоров е другарка ѝ баш ми кажува работи за горе ваму, е жими со неа така се дружам... Еве во петокот бевме на журче со таа една сестра на зетот на шефицата, а она па е мажена за на сватот сват му па брат му на министерот и баш ми раскажуе... Абе знаеш која ми е шефица? На онаа од Општина ти текнува брат ѝ што работеше во Агенцијана, епа на девојка му мајка ѝ. Маж ѝ што работи во Суд, со сестрата на вујната на Министеров, на попот свекрвата се комшии во Охрид...
Мда, тие луѓе што ги редат сите што ги знаат и за сите што чуле во 6 минути. Еве и спикерите на вести спомнуваат све битни фаци ама пак не се фраери добро? „Ќе те барам за кафе срц, ај, да се видиме“... никад на пример!
Едно од полошите прашања надвор од Клинички центар е да прашаш „како си?“
- Ќути сеа сум добро. Па ти не знаеш што се деси... па среќа зетов од помалава братучетка има еден многу јак доктор таму, не знам како се викаше ама главен е сестри му се тресат онака, и он потегна и на тетин ми комшиката е болничарка ама знаеш тие најмногу работа можат да завршат инаку ќе чекавме со месеци. Абе да не тргнеш по болници иначе крај нема. Ама докторов фин многу, и жена му докторка на пулмо, лани реновирале дома, дете имаат 14 години и едно 6, машко. Фини луѓе, фини, многу, онде живеат у Порта.
Мда, тие луѓе атеншн дизастер кога ги редат сите што ги запознале по болниците и им препишуваат важност левел тој и Свети Петар, тие се тие. Овие луѓе на докторите им знаат и крвна слика. „Ќе те барам за кафе, ај, па да се видиме“ ... како не бе!
Па оноа излагаш у град и нормално е прашањето меѓу жените „која е оваа?“
- Знаеш која е оваа? Ти текнува еднаш на Ленинова кога бевме што сретнавме едни двајца, едниот што беше женет со фризерка, е, со нив нели отидовме и во диско јас кога го сретнав оној бившиот што бевме на Закинтос? Сељакон ти текнува? Е таа вечер нели носев едно бело фустанче со чипка, епа од кај оваа го купив кај Завод има дуќанче. Е, сестра ѝ нејзина па иде со на мојот забар вториот братучед, многу е убав. Све сељанкиве ги фатија убавите дечковци. Ти текнува на Маја од основно? Епа и она се омажи, ќе се убијам...
Мда, требаше посериозно да се сфати прикажувањето на Сексот и градот и Коко Шанел. Сега секоја мисли дека е гламурозна и дама, а со анимал принт хеланкиве шо праиме? „Ќе те барам за кафе, ај, пак да се видиме“... о ба вез но!
Ина Многуфина