Како проаѓаа годините така се вртеше по некоја мудрост по социјалните мрежи, групи, сајтови, мудри луѓе што ја прочитаа дури и „Алхемичарот“ и што ја сфатија поентата на животот... И би светлина! Мудрите мисли и автостоперските водичи за животот земаа голем замав. Некои викаат овие групи ги пишуваат Јеховини сведоци, некои мислат дека се индивидуалци кои се стремат кон подобар соживот, никој не ги видел, некои мислат и дека не постојат, никој не бил во контакт со нив освен Кобајаши се претпоставува...
Не бев многу заинтересирана за нив ниту ја барав поентата на групите се додека не ми излезе на ѕид следната мудрост: „Животот е еден, без брат/сестра не е вреден“. Леонардо да Винчи, Жан-Пол Сартр и Исак Њутн лајк дис. Фредо Корлеоне шерд дис. Решив да зачитам малку да ја сфатам поентата на изјавиве еве не знам може до мене е. Пораките се главно за тоа дека треба да се молиме, дека само во Бога треба да веруваме, дека семејството е најдрагоцено. До овде супер све и одиме сеа... луѓето се лоши, луѓето те повредуваат, луѓето се неблагодарни, не постојат пријателства, луѓето се лицемерни, жените немаат самодоверба итн итн. Страв да те фати!
И таман викам мора да има поента некаква „Колку и да боли... Издржи и врати дупло! :)“ Озбилни сте, така? Дека па „Прости им на другите не затоа што заслужуваат... ПРОШКА... туку затоа што ТИ заслужуваш МИР!“, и дека „Простувајте им на другите толку брзо колку што очекувате Господ да ви прости вам“ исто и дека „Не се труди да му вратиш на тој што ти нанел болка Животот и времето сами ќе го направат тоа„... еве не знам добро? Што поточно да правиме кога сме повредени збунета сум, ама мислам дека ова е клучот „Заборави ги тие што те повредиле, а вечна казна ќе им биде тоа што вечно ќе те сакаат“ добро? Платон лајкс дис.
Легендата вика дека едно друго Лале па на ЕТФ има решено 4 интеграли по метод на парцијална интеграција за 10 минути.
И таман мислиш си го совладал делот со осветата и простувањето „Кога премногу простуваш луѓето се навикнуваат да те повредуваат“ Ќутам. „Молчењето е најгласниот плач на жената“. „Иднината никако да дојде, Минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ Дејвид Линч лајкс дис. „Мамо што значи НОРМАЛНО? Тоа е нешто што денес ретко го има, душо!“ Норман Бејтс лајкс дис. „Немавме мобилни телефони но секогаш знаевме каде се пријателите“ УДБА лајкс дис, ама после излезе ФБ и сите знаевме и многу повеќе отколку што сакавме.
„Сакајте ги своите деца и кога се криви, бидејќи животот ќе ги казнува и кога не се“ Депресија ΟN. „Лажните пријатели се полоши од вистинските непријатели. Носат маска на лицето и нож во раката...“ Џејсон Вурхис лајкс дис. „Не сте свесни... Колку пати... Низ шала... ви ја кажале вистината“ Вербал...Кент.... лајкс ....дис. „Ветувањето во животот значи... СЕ, но доколку еднаш се прекрши Извини значи...НИШТО“ Вито Корлеоне лајкс дис. „И кога си сам не значи дека си осамен, секогаш некој ти е присутен во мислите“ Џон Неш лајкс дис.
Коментарите на овие мудрости се најчесто „Да така е“, „Точно за жал“, „Нема веќе луѓе“, „Амин“...и нормално ќе залета и по некој хистерично смешен од типот „точно, луѓето кои ги потценуваат другите обично помалку вредат од нив“. Така е срц, еве ти гратис од мене една - Кажи му на прост човек дека е прост и одма ќе почне да те вреѓа за да го докаже спротивното! Тоа е таа иронија на животот, пресмешна! Но, немојте да мислите дека на овие страни ќе најдете само мудрости на животот. Не, тука има и едукативни линкови од повеќе области на пример линкови за тоа што мажите сакаат во кревет, како Сека Алексиќ ја одржува линијата, кој се сликал за МК Плејбој па одоздола коментари така таман како за една група што пропагира толеранција меѓу луѓето. Отварам кај коментаторката на профил да видам може има слики од Неделната литургија со причест, кога таму Плејбој за сиромашни. Добро е срц, што е твое ќе си дојде!
Се начитав фини мисли од типот длабоко, научив како да ги сакам луѓето кои се воглавно лоши „Нема лоши времиња, има лоши луѓе“, научив дека е правилно да простуваш и да се надеваш на карма, сфатив дека животот не е убав „Да е животот убав човекот не би се родил плачејќи“, и дека не постојат пријателства денес...Ако имаш повеќе од три години и немаш пријатели тогаш можно е да е до тебе, добро?
Ок, си викам, не е све така црно, има и добри луѓе. НЕ! „Чувајте се од добрите луѓе бидејќи тие најдобро ќе ве заебат“. Ох. Не ја гледам веќе чашата пола празна или пола полна. Не гледам чаша, не гле дам! Добро, не се откажувам „Никогаш не се предавај“, еве нека се сите лоши ама па јас ако ми пријдам со добро можеби ... „Непишано правило: Прави им на луѓето добро за да ти враќаат со лошо“, „Колку му угодуваш на човек толку ти се качува на глава“, „Чудни се денешниве луѓе, те гушкаат а те мразат“.
Ок ок, мислам сфатив. Животот е лош, те казнува, луѓето се лоши и добрите се лоши, сите освен фамилијата пошто тие не се луѓе тие се фамилија, вредиш ако и само ако имаш брат или сестра, не им угодувај на луѓето џабе, џабе пријатели нема тоа, не праи ништо пошо што е твое ќе си дојде, моли се и ако е нешто лошо од луѓето е после дожд иде сонце, ќе помине почекај. Сите те мразат.
Добро де, секој има право на печатна грешка. И Епл се луѓе.
Не во турско, во Венецијанската Република можеби посветло размислувале. Шерање на Библиски мудрости, каде нели сите сме браќа и сестри што треба да се сакаме и одеднаш некој депре флеш црнаици. Очекував да најдам помотивирачки редови. Убаво тоа со фамилијата, ама земете предвид дека големи се шансите да се скарате за 20 метри квадратни оставина еден ден. И ако некој ве оставил не значи дека е лош, едноставно секој си го живее својот живот дил уит ит енд мув он „Немојте да се разочарувате кога некој ќе ве остави. Тоа е одговор на вашата молитва Господе отстрани го од мене секое зло“. Ама па тој што ве оставил може се водел по „Фрли си позади себе да си најдеш пред себе“.
„Внимавајте кому му верувате и кому му ги кажувате вашите проблеми, не секој е ваш пријател“ затоа дојдете си у група со 5000 луѓе и пишете си, неколку лајка ќе решат проблем башка не ги познавате сите па мали се шансите да сфатите дали се или не се дволични „Порано имаше две категории на луѓе добри и лоши. Денес има нова категорија дволични. Денес со нив не се излегува на крај“ Денес ќе се пресмеам! „Најголема промена кај тебе ќе се случи тогаш кога ќе сфатиш дека нема потреба да се промениш“. Мда, ако ништо не ти оди и немаш пријатели ништо немој да менуваш кај себе, супер си, другите те мразат. Ако си жена, немој да промашиш да лајкнеш дека „Секоја жена ја прави истата грешка, заборава колку вреди“, ако имаш вишок на време „Обожавам да слушам лаги додека ја знам вистината“ тоа е баш фино хоби. Мазохизам го викаат.
И додека лајкаш мудри мисли дека жените не се доволно ценети и рамноправни лајкни го и „-Девојките се заљубуваат и одљубуваат –А машките? На нив им се дигаат и спуштаат“ Пресмешно нели? Што имавте за ужинка денес? „Најголема женска заблуда: тој ќе се смени! Најголема машка заблуда: Да земеме литро ќе стигне“ и не само тоа туку и „Кладилница, единствено место каде мажите размислуваат“...
„Секогаш стојам позади своите зборови, но не и зад тоа како ќе бидат сфатени“ Ина лајкс дис. ФМП.
Ина Многуфина