Минатата недела повеќе луѓе кои работеа на кампањата на Хилари во 2016, кој јавно кој анонимно, ги искажаа своите фрустрации околу претседателската кандидатура на Сандерс за 2020.
Цената за изградбата на 380 километри од ѕидот на Трамп до сега беше меѓу 8 и 12 милијарди долари. Првиот човек на градежна компанија од Северна Дакота смета дека некој му калеми трошоци на Трамп и му даде далеку пониска понуда.
Најголемата германска банка размислувала околу продолжувањето на роковите на Трамп организацијата за враќањето на долгот од 340 милиони долари, „за да се избегне кошмарното сценарио за присилна наплата на пари од актуелен американски претседател.“
Уште е рано ама и сега изгледа дека за идните историчари 2016 ќе биде почеток на нов циклус во меѓународната историја. Лошата вест е што овие циклуси во просек знаат да траат по 30 години.
Откако плановите за масовна воена парада во Вашингтон беа повлечени по удирање есап колку ќе чини таа желба, Трамп ја редизајнираше идејата, главно по обем.
Во неодамнешното обраќање пред Конгресот, Трамп прогласи дека „Америка никогаш нема да биде социјалистичка држава“, притоа игнорирајќи дека таа е станата жариште на социјализмот, барем на социјализмот за богатите.
Првиот човек на Амазон, Џеф Безос, е еден од најголемите бизнис душмани на првиот човек на САД, Доналд Трамп, а и покрај тоа овие две години од мандатот на вториов се најпрофитабилни во кариерата на првиот.
Двајцата претседатели се сретнале набрзинка за време на Г20 самитот во Буенос Аирес, а освен нив на средбата присуствувале само уште преведувачот на Путин и сопругата на Трамп, Меланија.
Еден од главните мераци на Трамп на новата позиција е своите гости да ги шета низ Белата куќа, тура која за поблиските вклучува и посета на местото каде Бил Клинтон и Моника Левински систематски доведоа до импичмент на Бил.
Како што одминува првиот мандат на американскиот претседател така прес-конференциите со него (и екипата од Белата куќа) се повеќе добиваат на забавност и возбуда, а се помалку на информативност. Се на се брифингот од Белата куќа е станат спектакл како кечери.
Во четвртокот Базфид ја објави информацијата што сите ја чекаат повеќе од две години: дека адвокатот на Трамп, Мајкл Коен, признал пред американските власти дека добил инструкции од Трамп да лаже на сослушувањето пред Конгресот околу наводната соработка на Трамп со Русите. Еден ден подоцна ова беше демантирано лично од човекот кој раководи со истрагата против Трамп.
Републиканците не минаа добро на последните избори за Конгрес, а Трамп речиси и да нема ден кога по некоја основа не минува добро. Овие првите имаат сериозен проблем со тоа што се случува, вториов барем за сега глуми дека ништо не го занима.
Откако расправијата со Конгресот ја ескалираше до блокирање на работата на администрацијата, сега Трамп проблемот со собирање пари за изградба на сопствениот ѕид го претвори во уште поголема драма во најава.
Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.
Американскиот претседател одлучи за патувањето од својата канцеларија до гостинската куќа во која беше сместен Џорџ Буш помладиот, дојден во Вашингтон за поменот на татко му, да ја ангажира претседателската лимузина и придружен конвој од седум возила. Па што? Од точка А до точка Б, има нешто околу 230 метри.
Што се однесува на годинешната Национална климатска проценка изработена од американската администрација, ставот на првиот човек на таа администрација е „не му верувам“ на извештајот.
Прашањето и размислувањето е поттикнато од растечкиот јавен активизам на поранешни вработени на ЦИА, што се смета за најнеочекуваната последица од претседателството на Трамп.
Како што се движеше караванот од Латинска Америка кон САД така еволуираа и заговорите што Трамп ги ширеше околу него. Зовриената само-создадена паника на крај кулминираше со распоредување на 6.000 американски војници (повеќе отколку што моментално имаат во Ирак) на границата со Мексико.
„Ако противотров за Трамп е Клинтон, тогаш противотров за ракот е инфарктот“, пишува за една од последните гротескни комбинации во кои Хилари повторно се враќа во игра колумнистот на Индипендент, Хаф и РТ, Џон Вајт.
Останувајќи на својот (здрав) став содржински да не коментираат твитови на Трамп француската влада по повод последната тирада на американскиот претседател, само порача дека Трамп нема „основна пристојност“.
Додека во нашиот галоп кон НАТО не остана дно што не го допревме (се молат надлежните ова да не го сфатат како предизвик), прво Макрон, па сега и Меркел откриваат сепаратистичка наклоност и се амбициираат околу формирање на сопствена европска армија.
Не само што однесувањето на британските елити ја признава важноста на САД, туку тие и коленичат пред нејзе. Длабоко во себе, тие изгледа изразуваат пост-империјална британска зажеленост дел од големината на САД да се отслика и на нив. Би можело да се каже дека, барем ментално, Британија веќе е вазал, ама не на ЕУ, туку на САД, пишува Мартин Кетл во текстот за Гардијан.
Секој пат кога Трамп ќе го крене приватниот мобилен за да се чуе со пријателите (да се пофали или да оговара), во разговорот има уште најмалку три пасивни страни: домашни шпиони, плус кинески и руски.