За време, пред и по службата Трамп даде сè од себе за целата работа да мине достоинствено (со исклучок на комплетното игнорирање на Клинтонови) и да го испочитува како постариот, така и помладиот Буш.
При посетата на Блер хаус, Трамп мина 23 минути разговарајќи со Буш Помладиот и неговата сопруга.
Она за што му се фатија на Трамп е што решил да се качува во кола за помалку од 230 метри. Ова одма удри на шпекулации кои генерално се вртеа околу здравјето на 72-годишниот претседател, и споредби со Обама кој неколку пати кога има луѓе во Блер хаус, гостинската резиденција на Белата куќа, оди пешки до таму.
Претседателскиот конвој стандардно има над дузина возила, во кои има тимови на Тајната служба за контра-напад, медицински персонал, советници од Белата куќа и новинари. Во овој случај новинарите беа однапред стационирани на крајната дестинација и беа во колоната заради што таа беше со само 8 возила.
Белата куќа не даде никакво објаснување зошто Трамп се решил на автомобил, па сè останува меѓу шпекулациите за неговото здравје и некаков безбедносен протокол на тајната служба.