Доналд Трамп не им верува ни на своите

Што се однесува на годинешната Национална климатска проценка изработена од американската администрација, ставот на првиот човек на таа администрација е „не му верувам“ на извештајот.

Главната порака на извештајот е дека американската економија значително ќе страда од континуираното затоплување предизвикано од стакленичните гасови.

„Го видов, прочитав нешто од него, и ок е. Јас не верувам во него,“ порачал Трамп.

Извештајот беше објавен без многу галама еден ден по американскиот национален празник Денот на благодарноста.

Од Белата куќа целата работа се обидуваат да ја смират со објаснување дека во извештајот пишувало дека штетата е пресметана „врз основа на најекстремното сценарио“.

„Со континуиран раст на штетните гасови со историски висока стапка, годишните загуби во одредени економски сектори се очекува да изнесуваат стотици милијарди долари, до крајот на овој век - што е повеќе од сегашниот БДП на голем број американски сојузни држави,“ се порачува во извештајот.

Во бројки во извештајот се предвидува дека ако загадувањето од американските електрани и автомобили продолжи со иста стапка на раст како и во 21-от век, САД на крај би имале 155 милијарди долари штета за индустриите, и 118 милијарди долари штета за крајбрежниот имот.

Смртните случаи кои се последица на претерано топло или ладно време би чинеле уште 141 милијарда долари годишно, а последиците од влошениот квалитет на воздухот би биле еднакви на 26 милијарди долари годишно.

Трамп и неговата администрација дадоа максимум за да ги поништат мерките воведени за намалување на загадувањето, за намалување на вадењето нафта или за да не воведат некоја мерка која би помогнала на темата.

 

27 ноември 2018 - 15:19