Трамп бара Демократите во Конгресот да престанат да го блокираат неговото барање за 5 милијарди долари да бидат одвоени за забрзување на изградбата на ѕидот. Доколку тоа не се случи, претседателот на САД се закани дека комплетно ќе ја затвори јужната граница кон Мексико.
Во пракса тој има овластување да го нареди затворањето на граничните премини на САД.
На почетокот од месецот тој се сретна со претставниците на Демократите од кои побара да му бидат одобрени пари за ѕидот. Тоа не се случи, што доведе до блокирање на работата на дел од американската администрација.
Ѕидот на границата со Мексико беше еден од столбовите на изборната програма на Трамп. Работата со многу лабав интензитет е почната веќе некое време.
Трамп во октомври годинава, исто вака во твит, се закани дека ќе испрати војска на границата со Мексико ако Конгресот не преземе нешто околу заштита од караванот бегалци што од централна Америка се движи кон САД. Конгресот не презема ништо, Трамп пушти војска.