„Беше еднаш во Шаолин“, „најреткиот албум на светот“, кој најпрвин беше продаден за 2 милиони долари на контроверзниот Мартин Шкрели, а потоа препродаден од Министерството за правда на САД како наплата на неговите долгови на дигитална платформа, ќе биде позајмен на преслушување во музеј во Тасманија.
77-иот Кан се одржува од 14 до 25 мај, а претседател на жирито е американската режисерка и актерка Грета Гервиг. Програмата содржи големи холивудски премиери, но и „помали“ филмови кои можат да изненадат.
Во својот инаугуративен говор, новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, му се заблагодари на поддршката на својот сопруг. До сега имавме „први дами“, односно сопруги на претседатели-мажи. Како би можела да гласи оваа титула обратно?
Во 2016, откако долго време неговото име беше споменувано во тој контекст, Дилан конечно ја доби Нобеловата за литература за тоа што создал „нови поетски изрази во рамки на големата американска песнопојна традиција“. Маргарет Атвуд имаше теорија зошто му била доделена токму нему, и токму тогаш.
Секоја битка е тешка, ама кога војуваш со тастатура, од Твитер, за тешки глупости и најбезобразно - некако е полесно. Од таму и доаѓа таа безумна храброст.
Откако избегал од со војната зафатената Босна, Љубомир Станишиќ имал повеќе станици низ Европа. На крај се скрасил во Португалија, каде почнал да добива награди за своето готвење. На неговото мени секогаш има бурек и кравја глава.
Ние едно време кога сакавме некого да откачиме викавме „ај двојче“. Американците користат малку поголема бројка која се појавува од време на време во песни, филмови и во политичкиот жаргон.
Авторот на култната „Трејнспотинг“ по која е снимен и истоимениот филм на Дени Бојл (во два дела), беше гостин на Фестивалот на краток расказ во Ријека. По тој повод даде интервју од кое пренесуваме делови.
По повеќе години градење стереотип за Трамп како некој кој користи јазик „разбирлив за четвртоодделенец“, нови истражувања покажуваат дека тој и не е баш прост во споредба со неговите опоненти.
Низ свет, луѓето имаат поинакви начини на убедување за гласови на избори, далеку понапредни и поиздашни од нашите сендвичи и сладоледи. Упаљачи, брашна и тефтерчиња се за сељаци и неиновативни. Дајте садо-мазо, па да правиме муабет.
Студијата се однесува на САД, каде анализата на онлајн коментари покажале дека либералите и конзервативците користат различни зборови за слични искази. Како да зборуваат не на некаков сленг, туку на сосема различен јазик.
Во средата, 7.10, во Франција излезе нова збирка есеи на Уелбек, под наслов „Интервенции 2020“. Меѓу нив и такви со за многумина скандалознa поддршка на Трамп и на француски полемичар-исламофоб.
На претседателската дебата оддржана на 29.09, водителот експлицитно побара Трамп да ги осуди белите супрематисти. Одговорот на Трамп беше протолкуван како кодиран повик кон нив, да „бидат така“ во случај на потреба.
25 години помеѓу судиите на Врховниот суд на САД. Втора жена која е избрана на ваква функција во историјата на американското судство. Рут Бадер Гинзбург е една од иконите на американската борба за човекови (посебно женски) права. Почина на 18 септември на 87 години.
„Танцувачки носачи на сандаци“ се група талентирани мажи од регионот на Акра во јужна Гана, кои можат да организираат два вида погреб - сериозен и „шизички“. Вториов подразбира многу играње и екстравагантна гардероба.
Во октомври 2015, пет истражувачи тргнуваат да откриваат кои се најчестите дил-брејкери во една врска. Нели, карактеристики, навики или недостатоци што ќе те натераат да речеш „не, фала“, на потенцијален партнер или „готово“ на сегашен. Прашувале студенти, миленијалци, бумери и сѐ што можеле да најдат, од 18 до 68.
2020 е стварно година кога ТикТок едноставно ја презема власта над светот, каква корона, да не се лажеме. Не им беше доста само да редат најдобри песни за сите децении, или да го нервираат деноноќно Трамп - сега се шират до реалити-телевизија.