Во 2022, Доли Партон еднаш пристојно има одбиено номинација за вклучување во Рокенрол Хол оф Фејм. Во твит напиша вака:
„Овде Доли! Иако сум екстремно поласкана, мислам дека го немам заслужено тоа право. Не сакам да се двојат гласовите поради мене, па морам со почит да се повлечам. Се надевам дека Рокенрол Хол оф Фејм ќе ме разбере и ќе има волја повторно да ме земе предвид - ако некогаш бидам вредна. Ова секако ме инспирираше да извадам, се надевам, одличен рокенрол албум во иднина, што отсекогаш сум сакала да го направам! Мојот сопруг е тотален фрик за рокенрол и отсекогаш ме терал да снимам таков албум. На сите номинирани им посакувам среќа и ви благодарам уште еднаш на комплиментот. Rock on!“
Неколку дена подоцна, Рокенрол Хол оф Фејм одговорија дека иако скромноста на Доли Партон е дел од тоа што ја прави сакана икона, и иако се вчудоневидени од нејзиниот брилијантен талент и пионерски дух, во основа, и еднакво топло - ќе ја остават меѓу номинираните.
Нивната логика:
„Од неговиот зачеток, рокенролот има длабоки корени во ритам и блуз и кантри. Не го дефинира единствен жанр, туку звук што ја движи младинската култура. Музиката на Доли Партон влијаеше на генерација млади фанови и на безброј уметници после неа. Номинацијата на Доли, заедно со уште 16 за 2022 беше испратена на почетокот на месецов на 1200 гласачи, од кои повеќето се самите уметници.“
Доли инаку има два пати одбиено и Медал на слобода од претсетаделот.
Во 2021, во интервју кажа дека администрацијата на Трамп се обидела да ѝ ја додели наградата два пати.
„Првиот пат не можев да ја примам затоа што маж ми беше болен. Потоа повторно ме побараа, но не можев да патувам поради КОВИД. Сега мислам дека ако ја примам, ќе биде политички, па не сум сигурна. Не работам за тие награди. Би било фино, но не сум сигурна ни дали ги заслужувам. Но, фин комплимент е што луѓето мислат дека ги заслужувам.“